Претпладнево на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа пожар во трговскиот центар „Лептокарија“ во општина Карпош.
Според последните информации, пожарот е локализиран и изгаснат. Горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хаус“.
Во интервенцијата учествувала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
Засега нема информации за повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












