Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и дека надлежните здравствени институции продолжуваат со континуирано следење на состојбата.
Според податоците од Министерството, во текот на 1 август се регистрирани 57 први прегледи, што е намалување во однос на претходниот ден кога биле евидентирани 60 прегледи. Нема нови случаи на хоспитализација.
Заклучно со 1 август, во Гостивар се регистрирани вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест, а изработени се 734 нови епидемиолошки анкети.
Во однос на западнонилската треска, Министерството информира дека до Институтот за јавно здравје нема нови лабораториски потврдени случаи на заболувањето.
„Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и другите надлежни установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија“, се наведува во соопштението.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












