• Импресум
Sunday, May 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и нивните пратеници се тие кои што секојдневно ја уриваат парламентарната демократија и оневозможуваат нормално функционирање на Собранието

27/09/2021
Време за читање: 1 минути
A A

СДСМ повторно лаже и ја извртува вистината. Токму СДСМ и нивните пратеници се тие кои што секојдневно ја уриваат парламентарната демократија и оневозможуваат нормално функционирање на Собранието, реагираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пратениците од мнозинството се тие кои што ја опструираат работата на Комисиите преку цензура на пратениците од опозицијата. Оттука, сакаме да нагласиме дека нашата намера беше на Комисијата за труд и социјална политика најпрво да се дискутира за вистината и да се утврди одговорноста за катастрофата која што се случи во болницата во Тетово. Таа е темата за која што треба да дискутираме. Очигледно, тоа некому му пречи. Очигледно, некому вистината го боли. Провиден е обидот на СДСМ да ја заташка оваа трагедија со законски решенија кои што токму СДСМ целиот мандат ги збори, а ништо не прави. Доколку имаа искрена намера, тоа ќе го стореа многу порано, а не на 5 дена пред почеток на кампања, стои во реакцијата и се додава:

„Колку се неспособни покажува фактот дека токму сега, на 20 дена пред избори, законот за работни односи не е донесен иако досега имаа безброј можности, но тие мнозинството од 61 пратеник си го користеа за Закон за марихуана односно за законите на фамилијата Заеви и нивните бизнис интереси. Македонската јавност гледа дека четири години владејачкото мнозинство не е ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев. Ништо друго не ги интересира. Ниту граѓаните и нивните секојдневни проблеми, ниту лошата економска состојба во државата, ниту пак катастрофалното здравство. Едноставно што ги интересира се тендерите, провизиите и бизнис зделките. Од тие причини, сакаме да упатиме порака дека срамно и лицемерно е СДСМ да се повикува на маките и барањата на работниците, а од друга страна четири години да ги лаже, манипулира и замајува. Господа од СДСМ, имавте доволно време, имавте цели четири години да покажете на работниците, но и на сите останати граѓани дека навистина се грижите и работите за нивните интереси, но вие го докажавте токму спротивното. Заврши времето на лаги и манипулации. Дојде време народот да одговори и да каже што мисли за СДСМ“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кире Лазаров ја заврши кариерата
Вести

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг
Вести

Инцидент во Битола: Возач удрил жена, па физички ја нападнал

17/05/2026
Возбудлив финиш во Винтертур: Македонија и Швајцарија одиграа 29:29
Вести

Фуриозна Македонија пред полни трибини ја растури Словачка

17/05/2026
Вести

17/05/2026
Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф
Вести

Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

17/05/2026
БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат
Вести

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

17/05/2026
Следна вест

ССМ: Пpaтeницитe дa пpeтcтaнат со пoлитичкитe игpи и дa ги дoнecaт измeнитe зa нeдeлa нepaбoтeн дeн

Најнови вести

Кире Лазаров ја заврши кариерата

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг

Инцидент во Битола: Возач удрил жена, па физички ја нападнал

17/05/2026
Возбудлив финиш во Винтертур: Македонија и Швајцарија одиграа 29:29

Фуриозна Македонија пред полни трибини ја растури Словачка

17/05/2026

17/05/2026
Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

17/05/2026
БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

17/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.