• Импресум
Wednesday, July 29, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пратениците утре добро да размислат околу пасошите и државниот притвор

27/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Пратениците утре добро да размислат околу пасошите и државниот притвор

Продолжува државниот притвор во кој се ставени македонските граѓани кои во своите пасоши го немаат омилениот брор на власта – „северна“. Во 21 век, една третина од населенето не може слободно да се движи. Вакво нешто не се случило во ниту една земја во светот дури и во минатите векови, па и да била под окупација.

Власта се чини не бара доволно добри и брзи решенија за овој огромен проблем кој ја посрамоти целата држава во светот, а ги понижува и малтретира сопствените граѓани. А, решение постои, но тоа како да не се бара од оние кои се уште одлучуваат во земјава.

Дали така ќе остане и натаму ќе се види веќе утре. За тогаш е предвидено пред македонските пратеници да се најде предлог-законот кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ со кој треба да се продолжи траењето на старите пасоши до крајот на годината. Од партијата убедуваат дека со продолжувањето на важноста ќе им се олеснат проблемите на граѓаните со оглед на тоа што ЕУ членките сами ќе одлучуваат дали ќе дозволат премин со старите пасоши, а тие веќе најавуваат дека ќе покажат разбирање.

-На одржаниот состанок на комитетот за патни документи било покажано разбирање меѓу земјите членки во однос на техничката природа на прашањето. Со оглед дека само Грција не ги прифаќа пасошите со старо име на државата, тоа значи дека во моментов, граѓаните на Македонија може да влегуваат и излегуваат во други земји, изјави деновиве Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи.

Ако е така, тогаш, што може да биде непремостив проблем поради кој рокот на важењето на патните исправи не би можел да се продолжи до крајот на годината? Владините функционери, од техничкиот премиер Талат Џафери, па преку министерот за надворешние работи Бујар Османи па до екс-премиерот Димитар Ковачевски, постојано повторуваат дека како земја мора да се придржуваме до Преспанскиот договор со Грција и дека непочитувањето би ни го нарушило меѓународниот углед.

А зошто ова подетално не се објаснува? Не се кажува зошто е невозможно да се продолжи важењето на патните исправи во ситуација кога речиси сите други земји, освен Грција, покажуваат разбирање за настанатиот проблем. Не се објасснува и за кој тоа углед зборуваат функционериве.

Излегува дека првите луѓе на СДСМ и ДУИ како да не гледаат дека 650.000 лица што се во Македонија не смеат да излегуваат преку граница, а дел од нив кои се во странство, пак, не смеат да влезат оти не знаат на кој начин би можеле да се вратат на своите работни места во други земји? За овие луѓе, чиешто уставно право на слобода на движење е ограничено, мала утеха е тоа што владините претставници давата изјави за набавка на нови обрасци, што се сликаат додека ги пречекуваат пакетите на граничните премини…, кога периодот на замената ќе потрае најмалку уште година – две со вакво темпо на промените.

Значи, нешто мора итно да се направи, а тоа најлесно ќе се направи со изгласувањето на законската промена, по примерот на измените во Законот за безбедност во сообраќај.

Само на таков начин ќе се заштити угледот и достоинството на граѓаните кои се поважни од она што го наведува техничкиот премиер Талат Џафери околу некаквата потреба „да не се нанасе штета на меѓународниот углед на државата“. Зарем Џафери мисли дека меѓународниот углед на Македонија е на високо ниво ако цел свет гледа дека сме еднинствена држава во светот каде има вакви епски кршења на човековите права и ваква неорганизираност? И што не го прати Џафери неговиот сопартиец Бујар Османи во Брисел, Атина… да објасни дека некои работи мора да се направат и така да не биде нанесено како што вели – штета на меѓународниот углед?

Пратениците на СДСМ и ДУИ не треба да имаат дилема. Мора утре да реагираат брзо и соодветно, независно што тие имаат дипломатски пасоши и го немаат проблемот. Нека помислат дека на една третина од македонското население им се кршат основните права загарантирани со Уставот. 

Пратениците утре добро да размислат околу пасошите и државниот притвор
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 50 повредени и десетици исчезнати по разорен земјотрес во Јапонија
Вести

Најмалку 50 повредени и десетици исчезнати по разорен земјотрес во Јапонија

28/07/2026
Доколку продолжи аматеризмот, европска есен може да биде само сон за Вардар
Живот

Вардар со гол негатива на реваншот против Рига во Конференциската лига

28/07/2026
Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија
Вести

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија

25/07/2026
Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза
Вести

Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

25/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Следна вест
Не ни треба нуклеарна подморница во Дојранско езеро

Не ни треба нуклеарна подморница во Дојранско езеро

Најнови вести

Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекин на електричната енергија во Долно Лисиче

29/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Сончево и жешко време денеска, УХМР најавува уште повисоки температури

29/07/2026
Вештачката интелигенција во фокус на настанот во Europe House Skopje

Вештачката интелигенција во фокус на настанот во Europe House Skopje

29/07/2026
Џеј Клејтон доби зелено светло од Сенатот за шеф на разузнавањето

Џеј Клејтон доби зелено светло од Сенатот за шеф на разузнавањето

29/07/2026
Огласот за нов претседател на Антикорупциска ќе биде распишан утре

Избор на заменик-претседател на дневен ред на седницата на ДКСК

29/07/2026
Драма на Дунав: Евакуирани 186 патници од заглавен крузер

Драма на Дунав: Евакуирани 186 патници од заглавен крузер

29/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.