• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божиќ

07/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божиќ

logo

МАКЕДОНИЈА
Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божиќ
07. Јануари 2024. @ 08:20
6 мин. читање
Сподели
Facebook
Twitter
Email
Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божиќ
МИА
Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики.

По повод Божиќ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:

„Христос е нашиот мир, Кој нè измири со Својот Отец, преку Своето воплотување

Возљубени празникољупци,

Со раѓањето на Синот Божји – Господ Исус Христос, Божјата светлина го огреа сиот свет. Бог Словото слезе на земјата и стана Човек, за да го обнови единството на Бога со човекот, зашто, според зборовите на свети Григориј Богослов, пред овој спасителен настан се беше отворила „голема и непремостлива провалија“, меѓу Создателот и првиот Адам. Но, со раѓањето на Богомладенецот се објави Божјата неизмерна добрина и Неговото човекољубие победи. Затоа и нашиот свети Климент Охридски, созерцавајќи го Рождеството Христово, воскликнува: „Радувај се, првосоздаден Адаме, бидејќи ти не беше оставен во адот! Ете, твојот Спасител и Избавител доаѓа да се роди од Дева; и Бог станува Човек, за да ја обожи човечката природа“ .
Па, да се радуваме со непоминливата радост од таа Витлеемска ноќ, со радоста на ангелите, со радоста на пастирите, со радоста на мудреците, да се радуваме со сите коишто во изминативе дваесет столетија се радуваа на тој спасоносен и неповторлив настан!

Возљубени во Господа,

Гледајќи го чудесното и надумно раѓање на Богомладенецот, во Витлеем Јудејски, ангелите ја запеаја небесната химна на животот. Опколувајќи ги јаслите како херувимски престол, небесните сили посведочија пред целото создание дека неискажливиот и неспознатлив Бог дојде и се всели помеѓу нас. Ова е небесна глетка од која запира здивот, зашто таа ја надминува логиката на овој свет. Зарем може човекот вистински да го разбере Божјото воплотување, па колку и да се труди? Зашто Христос не дојде како гостин, само за да нè посети и незабележително да замине. Дојде за да остане со нас во сите дни до свршетокот на светот. Та, тоа значи и Неговото име Емануил – со нас е Бог. Но, што ја прави оваа тајна уште поголема и понеразбирлива за човекот? – Тоа што сесилниот Бог и Господ на вселената не дојде како моќен владетел за да ја наметне Својата волја и да ја покори нашата волја. Тој дојде како слуга, смирен и кроток, за уште еднаш да му ја покаже на човекот Својата неискажлива љубов, со која некогаш го создаде, и да го потсети дека и тој е повикан кон таа љубов. Дојде како Младенец, предавајќи се во прегратките на Богородица и доверувајќи му се Себеси на човекот. И се покажа дека сѐ што доаѓа од небесата и од Бога е секогаш спасоносно и вечно, зашто вечен е и самиот Бог!

Возљубени чеда на Христа Богомладенецот,

Такви се Божјата љубов и Божјата доверба кон човекот. Но, како човештвото Му возвраќа на Бога за тоа? Како луѓето го примија овој највозвишен дар Божји? Зашто, Бог со Своето воплотување еднаш засекогаш му се даде на човекот, постанувајќи во сè сличен на него освен во гревот . Ако се задлабочиме во евангелските текстови, може да препознаеме неколку групи на луѓе, според тоа како во она време човештвото ја прими веста за Христовото воплотување.

Во првата група се сите коишто им се придружија на ангелите и заедно со нив покажаа дека небесата и земјата можат заедно да ликуваат. Тие се покажаа достојни за Божјата доверба и за подадената рака од Бога кон човекот. Во оваа група се и неуките пастири, но и источните мудреци. Првите, кога на чудесен начин дознаа за уште почудесното раѓање, со радост поитаа кон Богомладенецот и се удостоија да се приопштат кон небесните хорови. Со својата вера, тие се покажаа помудри од многумина учени луѓе. Но, тие не се единствените кои Го познаа воплотениот Бог Којшто се роди во Витлеемската пештера. Кон ангелскиот хор се приклучија и источните мудреци, за кои црковното предание вели дека биле најумните луѓе на своето време. Скромната средина во која се роди Христос, за нив не беше пречка во Него да Го познаат вистинскиот Бог и Спасител – Владетелот и Создателот на светот.

Но, за жал, меѓу луѓето имаше и такви кои не се радуваа за Христовото раѓање. Избезумен од оваа вест и загрижен за својата земна власт, царот Ирод побрза за да ѝ стави крај на оваа небоземна радост и ја пролеа крвта илјадници невини деца. Во Евангелието среќаваме уште една група на луѓе – оние кои, заслепени од животните грижи, не покажаа интерес за раѓањето на Богочовекот. Едни од нив одби

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони
Вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија
Вести

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Следна вест
ВЕЧЕРВА НИ ДОАЃА СНЕГОТ – подгответе се за уште постудено време, еве ги деталите од УХМР

ВЕЧЕРВА НИ ДОАЃА СНЕГОТ – подгответе се за уште постудено време, еве ги деталите од УХМР

Најнови вести

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.