Од ЕВН Македонија информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Општина Чаир ќе останат без електрична енергија.
Според најавата, прекинот ќе трае од 07:30 до 13:30 часот, а без струја ќе бидат дел од корисниците во Старата скопска чаршија, поточно на улиците „Покриена Чаршија“ и „Самарџиска“.
Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности до завршување на интервенцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












