На Граничен премин Табановце вчера бил лишен од слобода 44-годишен маж од Прилеп, осомничен за измама, информираат од МВР.
Според полицијата, акцијата била реализирана по претходно добиени информации, при што Министерство за внатрешни работи во координација со СВР Струмица и ОВР Валандово презеле мерки за расчистување на случајот.
Како што соопштуваат надлежните, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот довел во заблуда лице од Валандово, лажно претставувајќи дека ќе посредува за лекување во странство на неговата сопруга. Во повеќе наврати, оштетениот уплатил околу 88.300 евра, додека во меѓувреме неговата сопруга починала.
Осомничениот бил изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Гевгелија, каде му била изречена мерка за претпазливост.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












