• ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Thursday, June 1, 2023
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Проекција на филмот за Густав Малер во Кинотека

03/04/2023
A A
Проекција на филмот за Густав Малер во Кинотека

Кинотеката во соработка со Филхармонија, утревечер со почеток од 20 часот ќе го прикаже биографскиот филм за славниот композитор Густав Малер, на сценаристот и режисер Кен Расел. Проекцијата на филмот за Густав Малер ќе го антиципира концертот на 13 април кога оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе маестралната Симфонија број 5 која претставува совршена апотеоза на животот, љубовта и смртта.

„Малер“ е филм од 1974 година, во режија на Кен Расел, а главните улоги ги толкуваат Роберт Пауел, Џорџина Хејл и Ли Монтаг. Раскажана во низа ретроспективни сцени додека композиторот и неговата сопруга Алма разговараат за нивниот неуспешен брак за време на патување со воз, сторијата низ флешбек секвенци го прикажува турбулентното детство на Малер, обременето со самоубиството на неговиот брат, искуството со антисемитизмот, неговото конвертитство од јудаизам во католицизам, брачните проблеми, смртта на неговата млада ќерка.

Расел ја истражува музиката на Малер и низ неговите односи со Козима фон Билов, ќерката на композиторот Франц Лист и вдовицата на Рихард Вагнер. Во улогата на композиторот Густав Малер настапува актерот Роберт Пауел познат по неговата иконична креација на Исус Христос во „Исус од Назарет“ на Франко Зефирели, како и од мјузиклот „Томи“ на Расел, реализиран во 1975 година.

„Малер“ е дел од творештвото на Расел, посветено на екранизациите на биографиите на славните класични композитори и уметници како Петар Илич Чајковски, Франц Лист, холивудската икона Рудолф Валентино (во интерпретација на славниот балетан Рудолф Нуреев)…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈуТјуб ги укинува Stories
Забава

ЈуТјуб ги укинува Stories

31/05/2023
„Фу фајтерс“ го најавија својот нов тапанар, замена за починатиот Хокинс
Забава

„Фу фајтерс“ го најавија својот нов тапанар, замена за починатиот Хокинс

23/05/2023
Гитарата што Кобејн ја демолираше на сцената продадена за речиси 600.000 долари
Забава

Гитарата што Кобејн ја демолираше на сцената продадена за речиси 600.000 долари

22/05/2023
И годинава „Матурска парада“ на плоштадот Македонија
Забава

И годинава „Матурска парада“ на плоштадот Македонија

18/05/2023
Во Германија најдени човечки отпечатоци стари 300.000 години
Забава

Во Германија најдени човечки отпечатоци стари 300.000 години

18/05/2023
Бесплатен влез и активности низ целата земја на Меѓународниот ден на музеите
Забава

Бесплатен влез и активности низ целата земја на Меѓународниот ден на музеите

18/05/2023
Следна вест
На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки

На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки

Најнови вести

ЈуТјуб ги укинува Stories

ЈуТјуб ги укинува Stories

31/05/2023
Трајков: МНР стана социјална служба, се прибира партиска испостава и се унапредуваат преку ноќ

Трајков: МНР стана социјална служба, се прибира партиска испостава и се унапредуваат преку ноќ

31/05/2023
Почина Драги „Шпага“

Почина Драги „Шпага“

31/05/2023
Кавадарци дава многу на Македонија, а власта му дава малку

Кавадарци дава многу на Македонија, а власта му дава малку

31/05/2023
Дневен хороскоп за петок, 26-ти мај 2023-та

Дневен хороскоп за петок, 26-ти мај 2023-та

26/05/2023
Од денес општинската администрација на Арачиново нема да работи поради „безбедносни причини“

Од денес општинската администрација на Арачиново нема да работи поради „безбедносни причини“

25/05/2023
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.