Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен државјанин на Македонија, осомничен дека извршил серија разбојништва на подрачјето на градот, соопшти локалната полициска управа.
Според официјалните информации, осомничениот В.Г. се товари дека ограбил пет обложувалници и една пошта, при што во објектите влегувал со фантомка на главата и со закана со пиштол одзел повеќе од 700.000 динари.
При претрес на станот каде престојувал, полицијата пронашла дел од украдените пари, фантомка и реплика на пиштол за која постои сомнение дека била користена при извршувањето на разбојништвата.
Против него се поднесени пријави за пет кривични дела разбојништво, одреден му е притвор до 48 часа и во законскиот рок ќе биде спроведен во надлежното обвинителство, соопшти Полициската управа во Краљево.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












