• Импресум
Saturday, June 20, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Речиси цела Европа ги повлекува од продажба популарните „Киндер Јајца“

05/04/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Речиси цела Европа ги повлекува од продажба популарните „Киндер Јајца“

LI-SILVER-PSYCHOLOGY Kinder eggs Uploaded by: Shortt, Amber

„Фереро“, интернационалниот произведувач на слатки, повлекол некои серии на „Киндер Спрајс“ чоколадните јајца во Велика Британија поради случаи на инфекција со салмонела кои следеле по консумирање на овој производ, соопштила Агенцијата за безбедност на храна (FSA).

„Постојат назнаки дека овие производи биле поврзани со избивање на салмонела. Некои од заразените се мали деца“, навела агенцијата во соопштение.

Истрагата која ја водела Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA), јавното здравје на Шкотска, јавното здравје на Велс и Агенцијата за јавно здравје на Северна Ирска, откриле дека постои врска меѓу пријавените случаи на труење со салмонела ширум Британија и киндер јајцата, пренесува „Гардијан“.

Исто така, повеќе случаи наводно се забележани во Европа, вклучувајќи ја и Ирска, Франција, Германија, Шведска и Холандија. Киндер јајцата се повлечени и во Белгија.

Станува збор за чоколадните јајца од 20 грама кои имале рок на употреба меѓу 11 јули и 7 октомври 2022 година. Како мерка на претпазливост, „Фереро“ повлекол производи и на луѓето им се советува да не ги јадат.

FSA соопштила дека сите киндер јајца се произведени во иста фабрика. Се смета дека тоа нема да влијае на другите производи на „Фереро“.

Симптомите на салмонела вклучувале дијареја, грчеви во стомакот, мачнини, повраќање и грозница.

 

Иако во поголем дел од случаите луѓето имале симптоми неколку дена, постои опасност од влошување на состојбата, особено кај младите и оние со слаб имунолошки систем.

Тина Потер, шефица на FSA изјавила дека го поздравува пристапот кој го презел „Фереро“.

„Им советуваме на потрошувачите да не јадат ниту еден производ поради предупредувањето на FSA. Навистина ни е важно потрошувачите да го почитуваат овој совет, за да се избегне ризикот од труење со салмонела. Знаеме дека овие производи се популарни меѓу малите деца, особено за време на Велигден, па би апелирале до родителите“, изјавила Потер

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика
Вести

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
Нема повеќе акции во маркетите, цени се замрзнуваат
Вести

На четиричлено семејство му се потребни над 68 илјади денари месечно

20/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

Опозицијата обвинува за економска нестабилност и политичка изолација

20/06/2026
Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек
Вести

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

20/06/2026
Има ли редици со странски инвеститори на македонските граници?
Вести

Албанија го одобри системот „Еден шалтер“ со Македонија

20/06/2026
Скопје домаќин на Парадата на гордоста, учесниците ќе маршираат низ центарот
Вести

Скопје домаќин на Парадата на гордоста, учесниците ќе маршираат низ центарот

20/06/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за петок, 24 декември 2021 година

Дневен хороскоп за 6 април

Најнови вести

Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
Нема повеќе акции во маркетите, цени се замрзнуваат

На четиричлено семејство му се потребни над 68 илјади денари месечно

20/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

Опозицијата обвинува за економска нестабилност и политичка изолација

20/06/2026
Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

20/06/2026
Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

20/06/2026
Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

20/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.