Скопје и натаму се соочува со проблеми во собирањето на отпадот, но градските власти уверуваат дека наскоро ќе пристигне нова механизација и дополнителни контејнери со цел подобрување на хигиената во главниот град.
Градоначалникот на Скопје изјави дека не се согласува со оценките дека контејнерите се преполни во сите делови од градот, иако призна дека постојат одредени пропусти во функционирањето на системот.
Според него, дел од проблемите се резултат на застарената механизација што ја наследиле, но во меѓувреме значително е зголемен бројот на возила за собирање отпад.
„Кога станав градоначалник на располагање имавме 16 камиони, а сега бројката е околу 60. Во меѓувреме заврши тендерската постапка и наскоро ќе пристигнат околу 40 нови камиони за Град Скопје“, изјави градоначалникот.
Тој најави и дека е во завршна фаза постапката за набавка на околу 2.600 нови контејнери, кои треба да бидат испорачани во наредните 10 до 15 дена.
Од градските власти очекуваат дека со новата опрема ќе се подобри динамиката на собирање на отпадот и ќе се намалат проблемите со преполните контејнери низ скопските населби.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












