• ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Friday, March 31, 2023
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ризова Черних: Трпев огромни притисоци од Стефоска да дадам оставка

15/01/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Ризова Черних: Трпев огромни притисоци од Стефоска да дадам оставка

Магдалена Ризова Черних која беше поставена пред само месец и половина, денес е разрешена од должноста на в.д. директорка на Националната установа „Театар комедија”. Министерството за култура на својот последен работен ден информира дека министерката Ирена Стефоска го донесе ова решение за престанок на должноста поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон.

„Од страна на раководното лице Магдалена Ризова Черних, вршител на должноста директор на Националната установа ‘Театар Комедија’ – Скопје, и покрај доставеното укажување од Министерството за култура за потреба од измени на подзаконскиот акт на Националната установа, до денот на донесување на решението за престанок на мандат, од страна на раководното лице и покрај надлежноста истото да се заврши во законски определен рок, не е направено усогласување на Статутот на Националната установа согласно Меѓународната фраскатиева класификација“, се вели во соопштението од Министерството.

Ризова Черних, пак, преку соопштение наведе дека трпела „огромни притисоци“ од Стефоска да ја напушти функцијата.

„Причината за моето разрешување не ми е позната, бидејќи од вчера сум на боледување заради мојата влошена здравствена состојба. Меѓу другото имав огромни притисоци од страна на министерката Стефоска да си дадам оставка која не знам од која причина го правеше тоа. Истото го правеше и претседателката на управен одбор Весна Гиновска Илкова. Мобинг и изнесување на тотални лаги. Кога е во прашање изнесување на вистината, вистината е следна. Потписи и манипулации и не вистини. 79 вработени во институцијата Театар Комедија, а петиција од 30 и нешто, кој јас уредно ги повикав на состанок. Ги исполнив барањата да уметнички раководител биде Дарко Спасов, за кој уредно издадов задолжение за да ја извршува должноста и испратив барање до министерството за одобрување на финансиски средства за тоа работно место. Одговор на барањето сеуште нема, а истиот се повлече од должноста на крај од годината. На средбата со министерката бев изложена на притисок да решам проблем кој така лесно не се решава. За да работиш месец дена и да решиш проблем кој е од човекова природа не е лесно. Рокови три, четири дена“, вели Черних.

Таа додава дека не ѝ било дозволено да го реализира нејзиниот план за работа.

„Никогаш ова не се случувало од еден министер. Следно, после распишаниот оглас за директор, не се изврши избор на директор и јас ги искористив правните основи за тужба како секој кој го има уставното право. Атакот врз мене продолжи со итни седници на управен одбор за мое разрешување, без причина наведена. Тоа што се наведува од дел од колективот е причина според писмата потпишани од пола од вработените дека не сум била за директор, зошто сум била уметнички раководител во време кога бил претходниот разрешен директор, за кој стигнал допис до театар во месец Јули и не бил покажан никаде дека нема злоупотреба на службена должност. Истиот беше изваден на огласна табла. За моето работење постојат извештаи како уметнички раководител во архивите на институцијата. Сомнежот им бил дека јас ќе го вратам Ристовски, кој со изјава сам кажа дека не сака да се врати воопшто и ниту имам намера да го вратам. Овој однос кон мојот кредибилитет, моето 26 годишно работно искуство во театарската област и кон мене лично ве уверувам дека ќе го разрешам после подобрување на мојата здравствена состојба, бидејќи јас сум на боледување од вчера. Меѓу другото сакам да истакнам, дека притисоците и врз мојот приватен живот беа преголеми. Одлуката ќе ја почитувам, бидејќи редот е така. Доколку сакате изнесување на докази, тоа ќе го направам прво до новата министерка која се надевам дека уште веднаш ќе го обелодени случајот. Се има ред и ќе има ред“, додаде актерката.

На нејзино место за в.д. директор на „Комедија“ е назначен Дарко Спасов, кој е вработен како драматург во оваа установа. Ризова Черних беше назначена за директорка на 24 ноември 2021 година, откако министерката ја разреши тогашната директорка, Нора Шаќири-Марковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 награди и 2О признанија од УНЕСКО за ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола
Вести

13 награди и 2О признанија од УНЕСКО за ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола

31/03/2023
Земјотрес во Македонија
Вести

Земјотрес во Македонија

31/03/2023
Биди кул сопственик, маскирај го своето куче и донеси го на дружба со кучињата од ЈП Лајка!
Забава

Биди кул сопственик, маскирај го своето куче и донеси го на дружба со кучињата од ЈП Лајка!

31/03/2023
Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2023/24 година
Вести

Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2023/24 година

31/03/2023
Трамп: Ова е политички прогон, овој лов на вештери ќе му се одбие од глава на Бајден
Вести

Трамп: Ова е политички прогон, овој лов на вештери ќе му се одбие од глава на Бајден

31/03/2023
На територија на Град Скопје изречени 237 казни
Вести

На територија на Град Скопје изречени 237 казни

31/03/2023
Следна вест
Донесена конечната одлука – Новак Ѓоковиќ се враќа во Србија!

Судењето на Ѓоковиќ е вечерва во 23.30 часот

Најнови вести

13 награди и 2О признанија од УНЕСКО за ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола

13 награди и 2О признанија од УНЕСКО за ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола

31/03/2023
Земјотрес во Македонија

Земјотрес во Македонија

31/03/2023
Биди кул сопственик, маскирај го своето куче и донеси го на дружба со кучињата од ЈП Лајка!

Биди кул сопственик, маскирај го своето куче и донеси го на дружба со кучињата од ЈП Лајка!

31/03/2023
Како да се помират тврдокорните пушачи и Светската здравствена организација?

Како да се помират тврдокорните пушачи и Светската здравствена организација?

31/03/2023
За 200 евра можете да ноќевате во хотелот на Митровиќ на Копаоник

За 200 евра можете да ноќевате во хотелот на Митровиќ на Копаоник

31/03/2023
Дали би купиле? Новиот Москвич“ ќе чини 26.000 долари, и тоа најевтиниот

Дали би купиле? Новиот Москвич“ ќе чини 26.000 долари, и тоа најевтиниот

31/03/2023
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.