Кристијано Роналдо ќе се врати на теренот за Ал-Наср на 14 февруари, на натпреварот против Ал-Фатех, со што ќе стави крај на краткиот бојкот на клубот.
Португалската ѕвезда пропушти два натпревари поради незадоволство од односите со клубот и Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ). По разговори со управата, постигнат е договор за исполнување на дел од неговите барања, меѓу кои исплата на одредени долгови и поголема автономија во управувањето со тимот.
Враќањето на Роналдо се смета за исклучително важно за Ал-Наср во продолжението на сезоната, но и за Саудиската лига, каде неговото присуство има големо влијание врз интересот на јавноста и популарноста на натпреварувањето.












