Првата дама на САД, Меланија Трамп, на 2 март ќе претседава со седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, со што ќе се одбележи почетокот на едномесечното ротирачко претседателство на САД со ова клучно тело на светската организација, соопшти Белата куќа.
Според најавите, на состанокот фокусот ќе биде ставен на образованието како средство за поттикнување толеранција и зајакнување на глобалниот мир. Од Белата куќа истакнуваат дека оваа тема ќе биде во центарот на обраќањето на Меланија Трамп пред членките на Советот.
Ова ќе претставува историски момент, бидејќи за првпат една прва дама на САД ќе претседава со Советот за безбедност, тело составено од 15 држави членки, соопшти кабинетот на сопругата на американскиот претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп и претходно јавно ја критикуваше работата на Обединетите нации, оценувајќи дека организацијата е неефикасна и дека ѝ се потребни сериозни реформи. Сепак, на неодамнешниот состанок на неговиот Одбор за мир, тој изрази помирлив тон, нагласувајќи дека иницијативата има цел да придонесе за решавање на глобалните конфликти.
Иако дел од светските лидери ја дочекаа иницијативата со скептицизам, стравувајќи дека може да претставува алтернатива на Обединетите нации, Трамп изјави дека „Одборот за мир“ ќе работи во насока на подобрување на функционирањето на организацијата.
Тој најави и поддршка за зајакнување на ОН, вклучително и финансиска помош и унапредување на институционалната инфраструктура, со цел организацијата да стане поефикасна и одржлива на долг рок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:










