• Импресум
Friday, June 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Салиу за состојбата на Ромите: За време на ВМРО-ДПМНЕ доживеавме ренесанса, со СДСМ сме секогаш дискриминирани

24/03/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Салиу за состојбата на Ромите: За време на ВМРО-ДПМНЕ доживеавме ренесанса, со СДСМ сме секогаш дискриминирани

Денеска во подкастот на Радио Лидер, „Утро со Златев“, гостуваше Шабан Салиу, претседател на Партијата на Демократските сили на Ромите. Тој зборуваше за состојбата на Ромите во Република Македонија, како и за разликите во нивниот живот за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, време за кое тој вели дека ним им се случила вистинска ренесанса.

Прашан околу тоа зошто смета дека односот на СДСМ е секогаш дискриминаторски кон Ромската заедница, кога партијата веќе се претставува како носител на концептот „Едно општество за сите“, а генералното мислење е дека спроведувач на тие дискриминаторски политики е одлика на десницата, Салиу одговори дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кое важи за десна партија, Ромите биле повеќе почитувани и уважувани за разлика од денес.

– Ако гледаме политички и теоретски, да – десничарите имаат поинаков пристап кон малцинствата. Но ќе ви одговорам многу едноставно: За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 година, Ромите доживеаја општествена, економска, културна и политичка ренесанса, истакна Салиу, додавајќи неколку факти кои го потврдуваат неговото тврдење.

Салиу наведе дека во периодот од 2006 до 2016, забележан е огромен број на средношколци и студенти запишани во високите и средните училишта, што претставува голем процент на зголемување на образованието кај Ромите.

– Процентот на запишани во образовните институции беше зголемен од 2 на дури 4 отсто, рече Салиу, додавајќи дека тоа се надополнува со огромниот број на вработувања, каде во 2006 во администрацијата Ромите биле само околу 0,7 проценти, а со времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, бројката се зголеми на 1,21 отсто од вработените да бидат Роми. Исто така, во Шуто Оризари се изгради средно училиште.

Во политичкиот дел како што вели, Ромите имаа Министер без ресор, Министер во труд и социјала, пратеници Роми, директори на големи институции и претпријатија и слично.

Во културниот дел, додава, беше донесен законот за празниците на Ромите, заедницата беше уважена од владејачката гарнитура, се прогласи 8 април, светски ден на Ромите како неработен ден за сите Роми, кој се празнува во Македонија како државен празник, што не е случај во ниту една друга земја во светот.

– Важно е дека во тој период, се донесоа повеќе општи закони кои беа во смисла на подобрување на состојбата на Ромите и нивното интегрирање во државата и општеството, подвлече Салиу.

Околу СДСМ и нивниот однос кон Ромите, како и тоа каде ја гледаат иднината на актуелната власт во Македонија, Салиу заклучи дека СДСМ е партија која само опаѓа, а прашање на време е кога ќе падне и Владата.

– СДСМ е партија која е во пад. Гледате што се случува, прво со гафовите на премиерот Заев, нема ден кога не се случиле спектакуларни и смешни ситуации во државите. СДСМ покажа дека нема капацитет да управува со државата. Нивните структури, министри и директори, се покажаа како дел од најслаба влада, од најслабо организирана држава во поглед на меѓународната политика, економските политики, присуството на сиромаштијата не само кај Ромите туку и кај сите граѓани. Пред малку се зборуваше за 60.000 невработени. Значи, на секое поле владата на Заев и СДСМ во коалиција со ДУИ, пропаѓа. Тоа се одразува и во Шуто Оризари, луѓето се незадоволни, го нема она што го имаше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, но гласачкото тело ги гледа немилите настани како оние во Битола и Струмица, а за сето тоа ќе добијат казна, истакна Салиу.

Како што вели, со најновиот настан во Струмица, вриеја порталите и невладините организации, но за жал оние кои се во коалиција со СДСМ, се во аут и не реагираа на овој настан како што реагирале од неговата политичка партија. Додава дека Ромите се искусни во поглед на изборите, знаат да казнат, но економската ситуација е таа која партиите ја искористуваат.

Тој заврши, дека се надева на победа на Коалицијата за Обнова на Македонија што побрзо, со цел конечно интегрирање на ромската заедница во општеството. Верува дека Ромите ја увиделе разликата во владеењето последниве четири години и на наредните избори ќе го казнат СДСМ и Зоран Заев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година
Вести

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот
Вести

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев
Вести

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
Следна вест
Отсега Христијан Мицкоски на уште една платформа

Отсега Христијан Мицкоски на уште една платформа

Најнови вести

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.