• Импресум
Sunday, January 4, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

СДСМ убеден дека годинава ќе има избори, Мицкоски вели да внимаваат што посакуваат, оти често желбите може и да се остварат

04/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Во Брисел беа и Мицкоски и Филипче, ама со сосема различни цели

Ќе има ли годинава предвремени парламентарни избори? СДСМ е убеден во тоа! Во нивното вчерашно соопштение тие објаснија зошто 2026 година ќе биде тешка.

„По изборите сè ќе излезе на виделина. Тогаш проблемите ќе се „решаваат“ со уште поголем проблем – мигранти. Веќе гледаме дека и со се уште мал број мигранти, власта на ВМРО-ЗНАМ не е способна да обезбеди соодветна безбедност за граѓаните. Да се потсетиме само на неодамнешното демолирање на кампот за мигранти во Табановце или тепачката за Нова година на плоштадот во Скопје. Тука сме каде што сме – изолирани, како црна дупка, вратите на Европа повеќе не се отвораат“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија дека опозициската партија продолжува со старите приказни.

„Уште зборат за мигранти кои не постојат, за задолжувања кои не постојат, за дупки во Буџет кои не постојат. Но, знаеме дека на нив уште не им јасно дека ние државата не ја водиме како они што ја водеа. Ако тие сакаа да носат мигранти во 2018 година, ние нема да носиме. Ако тие го задолжуваа народот и нашите поколенија, ние нема да ги задолжуваме. Ако тие го оставија Буџетот со дупки и празен, ние тоа нема да го правиме,“ напишаа од владејачката партија.

За ВММРО-ДПМНЕ, 2026-та ќе биде година на враќање на долговите и заемите на СДСМ.

И премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање, кратко одговори дека СДСМ треба да се внимава што се посакува, бидејќи честопати желбите можат и да се остварат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студеното време го оптоварува срцето: Кој е најмногу во ризик?
Вести

На секои 10 минути ново дете со грип во „Бит Пазар“

04/01/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Загриженост за суверенитетот на Венецуела, осуда од Шпанија и пет земји од Латинска Америка

04/01/2026
Димитровски: Голем Божиќен концерт „Свет, Свет, Свет“ на 8 јануари во Битола
Вести

Димитровски: Голем Божиќен концерт „Свет, Свет, Свет“ на 8 јануари во Битола

04/01/2026
Битолските моторџии како Дедо Мразовци повторно донесоа празнична радост низ градот
Вести

Битолските моторџии како Дедо Мразовци повторно донесоа празнична радост низ градот

04/01/2026
Наполи по трет пат го крена трофејот во Суперкупот – Елмас беше во стартниот состав
Вести

Елмас одличен, Наполи победи

04/01/2026
Лидс испушти победа, Манчестер Јунајтед се спаси со брз гол
Вести

Лидс испушти победа, Манчестер Јунајтед се спаси со брз гол

04/01/2026
Следна вест
Директорка од Битола сама си се унапредила, сега ќе одговара пред законот

Црна вечер во скопско Волково: Пешак прегазен, возачката приведена

Најнови вести

Студеното време го оптоварува срцето: Кој е најмногу во ризик?

На секои 10 минути ново дете со грип во „Бит Пазар“

04/01/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Загриженост за суверенитетот на Венецуела, осуда од Шпанија и пет земји од Латинска Америка

04/01/2026
Димитровски: Голем Божиќен концерт „Свет, Свет, Свет“ на 8 јануари во Битола

Димитровски: Голем Божиќен концерт „Свет, Свет, Свет“ на 8 јануари во Битола

04/01/2026
Битолските моторџии како Дедо Мразовци повторно донесоа празнична радост низ градот

Битолските моторџии како Дедо Мразовци повторно донесоа празнична радост низ градот

04/01/2026
Наполи по трет пат го крена трофејот во Суперкупот – Елмас беше во стартниот состав

Елмас одличен, Наполи победи

04/01/2026
Лидс испушти победа, Манчестер Јунајтед се спаси со брз гол

Лидс испушти победа, Манчестер Јунајтед се спаси со брз гол

04/01/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.