Синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Иван Иванов, се ожени. Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана, откако во октомври минатата година се верија, а за веста се дозна и во јавноста.
На нивните инстаграм-профили, споделените фотографии зрачат со среќа, а може да се забележи дека свадбата е направена интимно, во потесен круг на роднини и пријатели.

Среќниот пар задоволно позира со бакнежот со кој ја крунисуваат нивната љубов.
На една од објавените фотографии на инстаграм „стори“ кај младоженецот Иван се забележува еден мал детал, односно стомакот на невестата Јана.

Дали новопечениот млад брачен пар очекува принова останува да дознаеме, а дотогаш – уживајте во љубовта и честитки!