• Импресум
Wednesday, May 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Штипјани блиску до елитата по ремито со Шкендија Арачиново

10/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Штипјани блиску до елитата по ремито со Шкендија Арачиново

Брегалница Штип е многу блиску до враќање во Првата македонска фудбалска лига, откако во дербито на сезоната одигра 1-1 против Шкендија Арачиново на домашен терен во Штип.

Гостите први стигнаа до предност преку Шаркоски во 16. минута, додека Брегалница до израмнување дојде во второто полувреме. Капсаров во 67. минута беше сигурен од белата точка и ги постави конечните 1-1.

Натпреварот беше исклучително тензичен и на моменти на раб на инцидент, особено по досудениот пенал за домашниот тим. По израмнувачкиот погодок дојде до немили сцени и прекин на мечот, а интервенираше и полицијата. Прекинот траеше околу десет минути, по што натпреварот продолжи.

Во завршницата Брегалница имаше неколку можности и за целосен пресврт, но не успеа да ги реализира шансите.

Со ова реми, Брегалница остана лидер на табелата заедно со Скопје, откако двата тима сега имаат по 65 бодови. Шкендија Арачиново останува трета со 63 бодови и моментно е на позицијата која води во баражот за влез во елитата.

До крајот на сезоната штипјани ги очекуваат дуели против Осогово и Победа, а со две победи ќе обезбедат директен пласман во Првата лига.

Скопје освои важни бодови на гостувањето кај Тетекс, славејќи минимално со 0-1 во натпревар со мал број шанси, но големо резултатско значење.

Кожуф одигра убедлив натпревар на домашен терен и со високи 8-0 ја декласира Победа во целосно еднострано соочување.

Охрид останува во трка за бараж, откако пред својата публика сигурно го совлада Големо Коњари со 3-0.

Детонит Плачковица без проблеми ја победи веќе испаднатата Преспа со 3-0, контролирајќи го мечот од почетокот до крајот.

Саса стигна до минимална, но значајна победа од 1-0 против Слога Виница.

Во Неготино, Вардар доживеа тежок пораз на домашен терен, губејќи убедливо со 0-4 од Осогово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Половина Скопје утре без струја
Вести

Прекин на електрична енергија во Старата скопска чаршија

13/05/2026
Облачно со слаб ветер
Вести

УХМР најавува нестабилно време: Следуваат врнежи, грмежи и засилен ветер

13/05/2026
Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните
Вести

Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

13/05/2026
Сензација во македонската кошарка: Маџари со 2:0 го елиминира ТФТ
Вести

Сензација во македонската кошарка: Маџари со 2:0 го елиминира ТФТ

12/05/2026
Николовски: Скандалите во земјоделството ја загрозуваат ИПАРД-3 програмата
Вести

Николовски под истрага? МВР потврди разговор по наредба на Обвинителството

12/05/2026
Претседателката на Советот за македонски јазик се повлече од функцијата
Вести

Претседателката на Советот за македонски јазик се повлече од функцијата

12/05/2026
Следна вест
Димовски: МПЦ-ОА не е туѓа милост, туку македонско наследство

Димовски: МПЦ-ОА не е туѓа милост, туку македонско наследство

Најнови вести

Половина Скопје утре без струја

Прекин на електрична енергија во Старата скопска чаршија

13/05/2026
Облачно со слаб ветер

УХМР најавува нестабилно време: Следуваат врнежи, грмежи и засилен ветер

13/05/2026
Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

13/05/2026
Сензација во македонската кошарка: Маџари со 2:0 го елиминира ТФТ

Сензација во македонската кошарка: Маџари со 2:0 го елиминира ТФТ

12/05/2026
Николовски: Скандалите во земјоделството ја загрозуваат ИПАРД-3 програмата

Николовски под истрага? МВР потврди разговор по наредба на Обвинителството

12/05/2026
Претседателката на Советот за македонски јазик се повлече од функцијата

Претседателката на Советот за македонски јазик се повлече од функцијата

12/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.