• Импресум
Sunday, November 16, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сиљановска-Давкова патрон на прославата за 100 години „Љуботен“

16/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Сиљановска-Давкова патрон на прославата за 100 години „Љуботен“

На свечената академија во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово беше одбележан големиот јубилеј – 100 години од формирањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“. Настанот се одржа под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која им се обрати на присутните.

Свое обраќање имаа и претседателот на клубот „Љуботен“, Јован Божиноски, како и првиот човек на ФПСМ, Зоран Читкушев.

Во честитката за вековниот јубилеј, Сиљановска-Давкова ја истакна искрената благодарност до сите генерации планинари кои низ годините ја афирмираа љубовта кон Шар Планина и кон природата. Таа го нагласи нивниот придонес во развојот и промоцијата на здравите навики и рекреативниот дух.

Претседателката подвлече дека планинарењето, како спорт и рекреација, значајно влијае врз физичкото и менталното здравје и го јакне карактерот. Според неа, време е државата да ги следи примерите на земјите во кои планинарењето е дел од наставните програми и е широко прифатено како дел од современиот начин на живот.

Публиката имаше можност да ја доживее богатата историја на најстариот македонски планинарски клуб преку документарен филм и мултимедијална изложба поставена во галеријата на Домот на културата.

На крајот од свеченоста, Сиљановска-Давкова, како и повеќе истакнати членови на клубот, заедно со домашни и меѓународни институции и партнерски програми, добија плакети за својот долгогодишен придонес.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наталија, сопругата на Андреј од ДНК со емотивна изјава на „Марш на Ангелите“
Uncategorized

Наталија, сопругата на Андреј од ДНК со емотивна изјава на „Марш на Ангелите“

15/11/2025
Сестрите на невестата решија да го пробаат зетот пред свадбата – ако добие ерекција ништо од свадбата (ВИДЕО)
Uncategorized

Сестрите на невестата решија да го пробаат зетот пред свадбата – ако добие ерекција ништо од свадбата (ВИДЕО)

06/11/2025
„Ја убил Катарина, па му покажал на брата си што сторил“: Страотна исповед на мајката на осомничениот за убиството кај Лесковац
Uncategorized

„Ја убил Катарина, па му покажал на брата си што сторил“: Страотна исповед на мајката на осомничениот за убиството кај Лесковац

04/11/2025
УХМР вечерва ја објави најновата прогноза – еве какво време не очекува следните денови
Uncategorized

УХМР вечерва ја објави најновата прогноза – еве какво време не очекува следните денови

03/11/2025
Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите скопјани
Uncategorized

Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите скопјани

30/10/2025
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг
Uncategorized

Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг

09/10/2025
Следна вест
Проданоски: ЕКО МИСИЈА за почист и поздрав Прилеп

Проданоски: ЕКО МИСИЈА за почист и поздрав Прилеп

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.