Основното јавно обвинителство во Гевгелија поведе истражна постапка против татко и син од селото Богородица, поради основано сомневање дека нелегално одгледувале и продавале марихуана.
Како што соопшти Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, осомничените се товарат за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 17 декември, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на таткото, при што биле пронајдени околу 150 грама марихуана во различни пакувања, семки од канабис, две дигитални ваги и три бонга. Дополнително, бил откриен и импровизиран шатор со електрична инсталација, светилки и мерачи на температура, наменети за одгледување марихуана.
Синот, кој според обвинителството посредувал во продажбата, ја однел дрогата во куќата на својот дедо. При обид за претрес, тој ја фрлил наркотичната дрога во ВЦ школката и се обидел да се ослободи од дигитална вага со остатоци од дрога.
Поради опасност од бегство и можност за попречување на постапката, јавниот обвинител предложил на двајцата да им биде одредена мерка куќен притвор, како и одземање на пасошите. Предлогот е доставен до судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:










