• Импресум
Wednesday, May 20, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

СКОПЈЕ СТАНУВА ПАМЕТЕН ГРАД Иновативна технологија на Македонски Телеком

01/10/2021
Време за читање: 1 минути
A A
СКОПЈЕ СТАНУВА ПАМЕТЕН ГРАД Иновативна технологија на Македонски Телеком

Македонски Телеком ја најави финалната фаза на проектот Скопје паметен град, кој почна во март годинава. Преку иновативна и напредна технологија, главниот град ќе добие поздрава животна средина, намалување на трошоците, подобри услуги и подобра комуникација со граѓаните, поголема безбедност, а со тоа и поквалитетен живот.

За развојот на паметни градови потребна е врвна инфраструктура и најсовремена технологија „Теснопојасен интернет на нештата“ (Narrowband Internet of Things), со која Македонски Телеком го потврдува технолошкото лидерство на пазарот.

Оваа технологија претставува основниот комуникациски протокол преку кој се овозможува поврзување со апликациите и функционалноста за паметен град. Кога еднаш е поставена, платформата нуди голем потенцијал и многу можности. Со надградбата на мрежите и доаѓањето на новите технологии, како што е 5G, овој потенцијал сè повеќе ќе се зголемува.

На оваа интегрирана платформа, во оваа фаза ги имаме имплементирано следните елементи за Скопје паметен град: 10.000 паметни светилки и систем за паметно осветлување, сензори за паметен паркинг, сензорни станици за следење на микроклиматските параметри, уреди за мерење на потрошувачката на вода, интерактивна мобилна апликација и паметни столбови за изградба на паметна мрежа. Бројот на овие уреди со тек на време ќе се зголемува.

Паметните градови се следната фаза во урбаната еволуција, пример за користење на технологијата за подобар живот на граѓаните. Технологијата ќе биде алатка со која ќе можеме да ги надминеме предизвиците на денешницата. И нашиот главен град влегува во друштво на светските паметни метрополи и за многу брзо време сите ќе ги почувствуваме придобивките. Реализацијата на овој проект го позиционира Телеком не само како технолошки лидер, туку и како предводник на долгорочни општествени промени, на што сме особено горди – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Со проектот е предвидена и интерактивната мобилна апликација „Мое Скопје“ која ќе служи за комуникација и информирање на граѓаните.

– „Мое Скопје“ ќе донесе сосема ново ниво на интеракција и информираност. Во оваа фаза апликацијата ќе им понуди на граѓаните: информации од сферата на градскиот живот, настани, случувања и новости, анкети, пристап до апликациите и сервисите на градските институции и преглед на паркинзите на Град Скопје. Во следната фаза, ќе се надополни со содржини за сообраќајот и јавниот превоз, а ќе може да се пријавуваат инфраструктурни и комунални проблеми. „Мое Скопје“ е иновативен, информативен и интерактивен канал за комуникација со граѓаните – изјавија од Град Скопје.

Македонски Телеком придонесува за успешноста на проектот и преку моделот на финансирање, што е уште еден показател за посветеноста на компанијата кон општествено одговорни практики. Градот ќе го исплаќа надоместокот за оваа инвестиција во наредните три години и тоа од заштедите од електрична енергија, кои ќе ги постигне со паметното осветлување.

Скопје паметен град ќе донесе над 60% заштеда на електрична енергија и 70% заштеда на трошоците за одржување, намалување на емисиите на CO2 во воздухот, подобра инфраструктура, побезбедни улици, ефикасно користење на ресурсите, поквалитетен живот и подобра животна средина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари
Вести

Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари

18/05/2026
Македонија го слави Меѓународниот ден на музеите
Вести

Македонија го слави Меѓународниот ден на музеите

18/05/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија
Вести

Прекин во водоснабдувањето во Центар – се санира дефектот

18/05/2026
Втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик
Вести

Втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик

18/05/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот
Вести

Продолжуваат дипломатските обиди за решение на иранската нуклеарна криза

18/05/2026
Сончево и топло со локална облачност
Вести

Променливо облачно време со сонце и можен дожд

18/05/2026
Следна вест
ЦИПРАС ЌЕ ГИ ДОНИРА ПАРИЧНИТЕ НАГРАДИ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Шест универзитети ќе добијат по 6.000 евра за секоја катедра

ЦИПРАС ЌЕ ГИ ДОНИРА ПАРИЧНИТЕ НАГРАДИ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Шест универзитети ќе добијат по 6.000 евра за секоја катедра

Најнови вести

Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари

Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари

18/05/2026
Македонија го слави Меѓународниот ден на музеите

Македонија го слави Меѓународниот ден на музеите

18/05/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Прекин во водоснабдувањето во Центар – се санира дефектот

18/05/2026
Втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик

Втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик

18/05/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Продолжуваат дипломатските обиди за решение на иранската нуклеарна криза

18/05/2026
Сончево и топло со локална облачност

Променливо облачно време со сонце и можен дожд

18/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.