• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Случајот ескалира: кривична пријава од МВР, демант од Костадинов

04/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Случајот ескалира: кривична пријава од МВР, демант од Костадинов

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ги отфрла како целосно неосновани наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси. Тој на својот профил на Фејсбук порача дека постапката за набавката е спроведена транспарентно и во согласност со законот.

Костадинов истакна дека проектот за електричните автобуси бил од стратешко значење за општината и дека денес граѓаните имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни придобивки. Како што нагласи, иницијативата потекнала од Општината, била изгласана во Советот и реализирана преку формирање Јавно сообраќајно претпријатие, спроведена јавна набавка и целосна имплементација.

„Верувам дека сите овие чекори се спроведени согласно важечките закони. Лично јас, а се надевам и сите лица за кои постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на надлежните институции за да биде појаснето како е реализиран проектот, кој денес беспрекорно функционира“, напиша Костадинов. На крајот додаде дека не сака да дава политички коментар.

Паралелно со неговата реакција, Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека поднело кривична пријава против поранешниот градоначалник и уште пет лица поради сомнение за злоупотреби во постапката за јавна набавка на електричните автобуси.

„СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.К. (35) од Струмица поради сомнение за ‘злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство’. Пријава е поднесена и против Д.П.С. (61) од Струмица, К.Б. (37) од Богданци, Л.Ј. (63) од Ново Село и Л.Ѓ. (62) од Струмица за ‘несовесно работење во службата’, како и против Г.П. (58) од Скопје поради сомневање за помагање при извршување на делата“, наведе МВР во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Следна вест
Измама со лажен пад по скали – 70-годишна жена остана без 20.000 евра

Измама со лажен пад по скали – 70-годишна жена остана без 20.000 евра

Најнови вести

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.