Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.М. (50) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според информациите, на 21 февруари 2026 година во стан во Крива Паланка, пријавениот се обидел физички да ја нападне својата вонбрачна партнерка, при што ѝ упатувал закани со остар предмет.
При обид да се одбрани од нападот, жената се здобила со повреди. За случајот е поднесена кривична пријава, а надлежните институции преземаат понатамошни мерки за негово расчистување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












