• Импресум
Sunday, July 5, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Собранието го избра Гоце Наумовски за уставен судија

18/02/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Собранието го избра Гоце Наумовски за уставен судија

Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без „воздржани“, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија. По гласањето, тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, во согласност со Уставот и законите.

Изборот доаѓа откако професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември минатата година поднесе оставка од функцијата уставен судија поради здравствени и лични причини.

Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје. Воедно, тој е еден од надворешните соработници на премиерот Христијан Мицкоски од областа на правото. Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски.

Неговата кандидатура беше предложена од претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека Наумовски поседува импресивна биографија и кредибилитет за извршување на функцијата. Комисијата без расправа и со мнозинство гласови го утврди предлогот.

Од СДСМ оценија дека станува збор за кадровско решение на кабинетот на премиерот, обвинувајќи ја власта за обид да воспостави целосна контрола врз судството и обвинителството. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека Наумовски не е партиски член, туку угледен професор, за разлика од претходните предлози на СДСМ за членови на Уставниот суд, кои според нив биле партиски мотивирани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

Позитивна оценка од ЕК за реформскиот напредок на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

05/07/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата
Вести

СДСМ обвинува за политички проект насочен против нив

05/07/2026
„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама
Вести

„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама

05/07/2026
Голманот на Зеленортски Острови е најубавата приказна на Мундијалот
Вести

Голманот на Зеленортски Острови е најубавата приказна на Мундијалот

05/07/2026
Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа
Живот

Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа

05/07/2026
Дешамп откри: Моравме да го заштитиме Мбапе од противниците
Спорт

Дешамп откри: Моравме да го заштитиме Мбапе од противниците

05/07/2026
Следна вест
ВИДЕО: Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

ВИДЕО: Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Позитивна оценка од ЕК за реформскиот напредок на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

05/07/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата

СДСМ обвинува за политички проект насочен против нив

05/07/2026
„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама

„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама

05/07/2026
Голманот на Зеленортски Острови е најубавата приказна на Мундијалот

Голманот на Зеленортски Острови е најубавата приказна на Мундијалот

05/07/2026
Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа

Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа

05/07/2026
Дешамп откри: Моравме да го заштитиме Мбапе од противниците

Дешамп откри: Моравме да го заштитиме Мбапе од противниците

05/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.