• Импресум
Friday, July 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сомнежи за труење или вирус: Деца побарале лекарска помош во Кисела Вода

01/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Сомнежи за труење или вирус: Деца побарале лекарска помош во Кисела Вода

Дваесетина ученици и еден наставник од Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската општина Кисела Вода побарале лекарска помош по појава на симптоми како гадење, повраќање и дијареја, што отвори сомнежи дали станува збор за труење со храна или за вирусна инфекција.

Според информациите од здравствените установи, околу 15 деца биле прегледани на Детската клиника до вчера. Најголем дел од нив имале лесна клиничка слика и биле пуштени на домашно лекување, додека само едно дете било задржано на болничко лекување, но по стабилизирање на состојбата денеска е пуштено дома.

Од Клиниката за инфективни болести информираат дека биле прегледани четири деца и едно возрасно лице со слични симптоми. Кај ниту еден од пациентите не била утврдена потреба од хоспитализација.

Според првичните епидемиолошки анкети, досега не е утврдена заедничка консумација на храна кај сите заболени, поради што надлежните институции засега не изнесуваат претпоставки за причините, додека траат истрагите и проверките.

Загриженост изразија и родителите, од кои дел наведуваат дека нивните деца биле земени од училиштето поради повраќање и побарале институциите итно да ги утврдат причините за состојбата.

Од Општина Кисела Вода соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата и дека учениците кои пријавиле симптоми се од различни возрасни групи. Според првичните информации, тие не консумирале иста храна во текот на денот, а дел од учениците оброците ги имале и надвор од училишниот објект.

Општината додава дека веднаш биле известени Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје и дека ќе се постапува согласно нивните препораки.

Сепак, од Центарот за јавно здравје – Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат наведуваат дека до моментот на објавување на информацијата случајот не бил официјално пријавен кај нив.

Надлежните институции продолжуваат со проверките со цел да се утврди дали станува збор за труење со храна или за вирусна инфекција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Половина Скопје утре без струја
Вести

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип
Вести

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нови американски правила: Студентските визи ќе важат најмногу четири години

17/07/2026
Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата
Вести

Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата

16/07/2026
ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство
Вести

ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

16/07/2026
Следна вест
Се ограничуваат цените на доматите, пиперот, кромидот, бананите, портокалите, лимонот

Еве зошто треба почесто да јадете пиперки

Најнови вести

Половина Скопје утре без струја

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нови американски правила: Студентските визи ќе важат најмногу четири години

17/07/2026
Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата

Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата

16/07/2026
ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

16/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.