• Импресум
Friday, July 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

СПЕКТАКУЛАРНА ВЕЧЕР ВО МАДРИД: Сити беше виден во финалето, а потоа Реал направи чудесен пресврт и ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите

05/05/2022
Време за читање: 2 минути
A A
СПЕКТАКУЛАРНА ВЕЧЕР ВО МАДРИД: Сити беше виден во финалето, а потоа Реал направи чудесен пресврт и ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите

ПО спектакуларниот прв натпревар од полуфиналето, кога Манчестер Сити и Реал Мадрид ја воодушевија планетата со седум гола (4:3), реваншот кој го следеа сите љубители на фудбалот (и Ѓоковиќ и Надал на лице место) беше уште повеќе спектакуларен. Во финалето на мегдан на Ливерпул мина „кралскиот клуб“.
Само фудбалот може да го подготви ова. Ваков спектакл не се гледа секој ден. „Граѓаните“ беа видени во финалето, а потоа „Сантијаго Бернабеу“ експлодираше во размак од една минута.

Во поголемиот дел од натпреварот немаше многу возбудувања, но финишот на натпреварот беше вистинско уживање за неутралните навивачи. Се играше во 73. минута кога Ријад Марез го совлада Тибо Куртоа. Алжирецот доби одлично додавање од Бернардо Силва и со удар од прва ја заби топката во противничката мрежа.
А тоа што се случуваше во последните минути од натпреварот е тешко да се опише. Се чинеше дека англискиот клуб ќе оди во финалето, но така не мислеше Родриго, кој најпрвин му донесе израмнување на Реал во 90. минута по асистенцијата на Карим Бензема. Сепак, ниту тоа не беше доволно за „кралевите“ да поминат, туку резултатот што се запиша на семафорот само една минута подоцна беше доволен за продолженија.

Родриго повторно го матира Едерсон. Брилијантно скокна и со глава по центаршут на Марко Асенсио стана херој на домашните навивачи.
Треба да се каже дека Сити можеше се да заврши на само неколку минути пред израмнувачкиот гол на домашните. Џек Грилиш се обиде од левата страна, но Ферлан Менди ја расчисти топката од гол-линијата.
Реал продолжи да напаѓа и во продолжението. Таквата игра вроди со плод во 94. минута. Рубен Диас го собори Бензема во шеснаесетникот на ривалот. Судијата Даниеле Орсато немаше дилема и покажа на белата точка. Французинот беше согурен и со новиот гол предизвика делириум на трибините.

Малку недостасуваше домашната публика да се смири во првото продолжение. Гостите имаа одлична шанса. Најпрво Фил Фоден шутираше со глава, а Куртоа фантастично реагираше, топката се одби до Фернандињо, кој од тешка позиција не можеше да го совлада Белгиецот.
До крајот на натпреварот немаше многу возбудувања. Реал ја задржа предноста и закажа ново финале во најелитното фудбалско клупско натпреварување, а ривал ќе им биде Ливерпул кој во вторникот го победи Виљареал.

 

Фото: Принтскрин/Instagram

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Николоски: Македонија ја има се помалку, од 10-ти мај почнуваме со активна блокада на Собранието, СДСМ-ДУИ да си го преиспитаат своето однесување

Николоски: Македонија ја има се помалку, од 10-ти мај почнуваме со активна блокада на Собранието, СДСМ-ДУИ да си го преиспитаат своето однесување

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.