• Импресум
Sunday, May 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сплиќанката Маја фатена во лага? Еден детаљ ја открил, а преписките на пријателите дополнително фрлаат сомнеж дека сите нешто кријат

25/01/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Сплиќанката Маја фатена во лага? Еден детаљ ја открил, а преписките на пријателите дополнително фрлаат сомнеж дека сите нешто кријат

По емитувањето на интервјуто на Хрватката Маја Сопта, со која исчезнатиот Матеј Периш од Сплит се дружел и со која се обидел да стапи во контакт во Белград, се појавија многу коментари за тоа што таа го раскажала, а посебно се истакнал еден детаљ.

Имено, таа спомнува снег и мраз на 30-ти декември, а тогаш снег во Белград немало.

„Имав голем проблем со паркирањето пред ресторанот тој 30-ти декември поради големиот снег и мраз, не сум навикната на такви услови, бидејќи живеам на медитеранот и поради тоа не му се јавив на Матеј“, рекла таа меѓу останатото.

Интернет корисниците веднаш се ‘фатиле’ за таа изјава, означувајќи го тоа како – лага, со оглед дека во Белград таа ноќ имало повеќе од 10 степени и дека немало снег.

Дополнително ја подгреале атмосферата и пораките кои полицијата во Хрватска ги извадила од телефоните на другарите на Периш.

Потрагата по сплиќанецот влезе во 25-от ден, а одговор на многу прашања сè уште не е даден. После пораките кои се појавија во јавноста и преписките на пријателот на Матеј, во кои со својата девојка Сања зборува за консумација на дрога во клубот „Готик“ – се појави и ново прашање.

Од пораките може да се заклучи дека наводно сплиќаните се дрогирале критичната ноќ, но сè уште не се знае дали Матеј консумирал и опијати, како и кој е ‘човекот со кој бил во клубот’, кој исто така се споменува во објавените пораки. Се претпоставува дека ‘човекот’ би можел да биде дилерот, односно лице кое поседува наркотици.

За потсетување, во пораките еден ден по неговото исчезнување, пријателот на Матеј, Божо, кој кобната ноќ бил со него во клубот „Готик“, констатирал дека не знае што се случило со Периш и дека се запрашал дали се работи за халуциногена дрога или нешто слично. Прво ѝ рекол на девојката Сања дека не земале наркотици и дека не знае што би можело да му се случи, а потоа неколку дена подоцна сепак рекол дека земале дрога, но откако Периш излегол од клубот. Нему Сања му одговорила дека не верува дека Матеј земал нешто сам, ‘освен ако некој во клубот не му понудил’. Рекла и дека Матеј не е женско за некој да му стави дрога во пијачката, на што Божо одговорил: „Навистина не разбирам“.

Нови пораки размениле после неколку денови, а во една од пораките таа ја споменала и Маја Сопта.

„Можеби Матеј сосема случајно паднал во приказната додека бил со тој човек. Можеби не го планирал тоа. Или и таа Маја ги користи тие чуда, или таа некого му договорила“, напишала Сања, а пораката која следела како одговор на Божо открила дека на сплиќаните не им е непозната консумацијата на дрога.

„Маја не користи“, напишал тој, а потоа Сања го прашала дали на Матеј му било криво што тие земале, а тој не, на што Божо рекол дека Матеј не ни знае за тоа и дека ‘земале’ откако нивниот пријател исчезнал.

Значи, од овие пораки се заклучува дека сплиќаните земале дрога, но дека не е познато дали Матеј користел дрога таа вечер, ниту тоа дали се налутил што него ‘не го почестила екипата од Задар’.

Иако пред неколку денови во хрватските медиуми се појави информација дека Маја во полиција изјавила дека Матеј повремено користел наркотици, за, како што навел „Вечерњи лист“, да може да работи, таа вчера во интервју за „ТВ Прва“ дала сосема поинаква изјава.

„Тој е златно момче. Не може било кој да работи, да студира и да се занимава со спорт. Ниту јас не би можела да постигнал ако користам било што“, рекла таа и се осврнала на сомнежите искажани во медиумите дека се занимава со дрога и дека нејзиниот сограѓанин Матеј Периш (27) сакал да стапи во контакт со неа поради дрога.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кире Лазаров ја заврши кариерата
Вести

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг
Вести

Инцидент во Битола: Возач удрил жена, па физички ја нападнал

17/05/2026
Возбудлив финиш во Винтертур: Македонија и Швајцарија одиграа 29:29
Вести

Фуриозна Македонија пред полни трибини ја растури Словачка

17/05/2026
Вести

17/05/2026
Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф
Вести

Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

17/05/2026
БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат
Вести

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

17/05/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за петок, 24 декември 2021 година

Дневен хороскоп за 25 јануари

Најнови вести

Кире Лазаров ја заврши кариерата

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг

Инцидент во Битола: Возач удрил жена, па физички ја нападнал

17/05/2026
Возбудлив финиш во Винтертур: Македонија и Швајцарија одиграа 29:29

Фуриозна Македонија пред полни трибини ја растури Словачка

17/05/2026

17/05/2026
Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

17/05/2026
БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

17/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.