• Импресум
Thursday, June 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Среќа наша e што Преспанското езеро не може да зборува

27/03/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Среќа наша e што Преспанското езеро не може да зборува

Не се презема ништо за подобрување на состојбата со Преспанското езеро. Пред три години беше формирана комисија која ке се занимава со проблематиката, но од тоа ништо исто како што е и со договорите со Грција и Албанија. За лошата состојба на езерото битни се фактор природа и фактор човек. Природата не можеме да ја менуваме, но може да се менува однесувањето на луѓето и надлежните, ни вели Митко Тасевски

Погледите на жителите од преспанскиот регион често се свртени кон падините на Галичица и на Пелистер. Се надеваат дека снегот наскоро ќе почне да се топи, ќе помогне да се зголеми нивото на Преспанското езеро. Така е со години. Се чека природата да помогне… оти езерото исчезнува.

–Во споредба со лани, во овој период нивото е спуштено за некаде 15 до 20 сантиметри. Гледам дека има доста снег на Галичица и Пелистер што дава надеж дека водостојот ќе се зголеми донекаде, ни вели Митко Тасевски, од Царев Двор.

Тој е само еден од многумината загрижени за опстанокот на ова прекрасно езеро на кое му се заканува изчезнување. За само дваесетина години нивото му опадна за околу десетина метри, а тоа снемувањето вода продолжува. Прават ли нешто поконкретно надлежните институции?

-Во овој период не се презема ништо за подобрување на состојбата. Пред три години беше формирана комисија која ке се занимава со проблематиката, но од тоа ништо исто како што е и со договорите со Грција и Албанија. За лошата состојба на езерото битни се фактор природа и фактор човек. Природата не можеме да ја менуваме, но може да се менува однесувањето на луѓето и надлежните, ни вели Тасевски.

Лани во јуни имаше состанок на претставниците на Македонија, Грција и Албанија на кој се договараа за начинот на кој ќе соработуваат во заштитата на заедничкото езеро. Министрите за животна средина изразија силна желба, определија членови во заедничката група, од претставникот на ЕУ беше најавена и финансиска помош од 18 милиони евра, но се уште се чека на конкретни активности… Инаку, меѓудржавен Договор за заштита на Паркот Преспа е потпишан и во 2010 година…

И така, езерото страда, страдаат и луѓето кои живеат во тој регион. Некогашниот туристички сјај на Македонија одамна е темнина. Поранешните плажи во најголем дел се претворени во кал, а пропаѓа и најголем дел од поранешните бројни хотелски и угостителски објекти. Објектите какви што се хотел „Европа“, со се делот хотел „Југославија“ во Отешево, хотел на бивша шеќерана, бунгалови на пропаднати ју – претпријатија во Асамати, Претор, сместувачки комплекси на македонски железници, детското одморалиште „Мите Богоевски“ во Претор и уште десетина други одморалишта се оставени да пропаѓаат.

– Напуштените хотели и други туристички субјекти, кои во минатото биле репрезенти на убавата Преспа, се уште се оставени на милост и немилост на администрација и бирократија. Повеќето од нив се со нерасчистени имотно правни постапки но и немањето на урбанистички планови за крајбрежјето на Преспа, ни вели Марија Евтимовска од граѓанското здружение „Еко герила Преспа“.

Но, сето ова, и враќањето на водостојот и враќањето на туристите се уште чекаат. Решенијата, за жал, не се ниту на повидок. Среќа наша е што Преспанско езеро не може да зборува, тешко ќе биде да се слуша што мисли за многуте планови со кои го „спасуваат“.

Довод на вода од бунари на Бигла и Пелистер?

Во јавноста се уште нема никакви информации околу тоа дали Преспанското езеро би можело да се спаси по примерот на Дојранското езеро, со доведување на нови води.

– Комисијата која беше формирана имаше предлог да се направат бунари на Бигла и Пелистер и водата по речните корита кои, за жал, скоро не се исчистени да се влива во Преспанско езеро. Но, и од сето тоа нема ништо, вели Митко Тасевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Повреда ја спречи Ѓорческа во борбата за финале
Спорт

Лина Ѓорческа испиша историја за македонскиот тенис

25/06/2026
Следна вест
Украина: Русија почна да ги уништува украинските резерви на храна и гориво

Украина: Русија почна да ги уништува украинските резерви на храна и гориво

Најнови вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Повреда ја спречи Ѓорческа во борбата за финале

Лина Ѓорческа испиша историја за македонскиот тенис

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.