• Импресум
Tuesday, June 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Старата нова година се слави според Јулијанскиот календар

13/01/2026
A A
Зошто се кити елка баш за Божик и Нова година

Couple in love sitting next to a Christmas tree, wearing Santa's hats, hugging and looking away from the camera towards the tree. Selective focus on the girl's hat

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ја пречекуваат Старата нова година, која започнува утре со празникот Василица, односно на 1 / 14 јануари.

Во Македонија, Василица традиционално се празнува во многу семејства како домашна слава, а свој именден го одбележуваат сите кои го носат името на Свети Василиј Велики – Васил, Васко, Васе, Васка и други. На празничната трпеза се крши погача со паричка, а според народното верување, оној кому ќе му се падне паричката ќе има среќна и бериќетна година.

По повод празникот Обрезание Господово и споменот на Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонска православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Роден е во Кападокија, а своето образование го стекнал во Атина. Познат е како истакнат христијански филозоф, епископ и силен заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил на 14 јануари 379 година.

Покрај Македонската православна црква, верските празници според Јулијанскиот календар ги одбележуваат и Руската и Српската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Инаку, Црквата има и свое црковно чествување на почетокот на Новата година, кое се одбележува на 1 / 14 септември.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија
Вести

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Ликвидација во белградско кафуле: Убиен Дарко Весковиќ, едно лице тешко рането

МВР трага по сторител кој ограбил аптека во Скопје

22/06/2026
Почина 16-годишното момче застрелано од полицаец при полициска потера во Солун
Вести

Две момчиња починаа среде екстремен топлотен бран во Франција

22/06/2026
Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

Следна вест
Европа загрижена: Спорот за Гренланд ја става на тест иднината на НАТО

Најнови вести

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Ликвидација во белградско кафуле: Убиен Дарко Весковиќ, едно лице тешко рането

22/06/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

МВР трага по сторител кој ограбил аптека во Скопје

22/06/2026
Почина 16-годишното момче застрелано од полицаец при полициска потера во Солун

Две момчиња починаа среде екстремен топлотен бран во Франција

22/06/2026
Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.