Четиригодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил во сообраќајна незгода што се случила на улицата „Железничка“ во Гостивар.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера околу 16 часот, кога патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од селото Чегране, удрило во детето кое било пешак.
По ударот, четиригодишното дете се здобило со тешки телесни повреди. По укажаната медицинска помош во Гостивар, детето било пренесено на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, а случајот се расчистува.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












