Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, соопшти Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија.
Несреќата била пријавена на 8 март околу 23:50 часот во СВР Куманово, а во неа учествувале патничко возило „фолксваген“ управувано од 28-годишната К.П. и патничко возило „фолксваген голф“ управувано од 29-годишната А.Н., двете од Куманово. При судирот биле удрени и три паркирани патнички возила.
Во несреќата К.П. се здобила со тешки телесни повреди, додека А.Н. се здобила со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












