Тешка семејна трагедија ја потресе Пјаченца, откако 55-годишна жена со македонско потекло, идентификувана како Милена Витанова, била пронајдена мртва во стан на периферијата на градот.
Според информациите на италијанските медиуми, трагедијата започнала околу 15:30 часот, кога нејзиниот сопруг Хако Витанов телефонски пријавил дека ја убил сопругата, по што избегал од местото.
На местото веднаш интервенирале карабинери, пожарникари и екипи на Итната помош. Бидејќи вратата од станот била заклучена, пожарникарите влегле преку балкон, каде што го пронашле телото на жената.
Првичната истрага покажала дека жената имала повеќе повреди нанесени со остар предмет, како и тешки повреди на главата. Во станот бил пронајден и нож, за кој постои сомневање дека бил употребен при нападот.
По инцидентот, полицијата започнала потрага по осомничениот, кој неколку часа подоцна бил пронајден на гробиштата Виа Каорсана во Пјаченца. Според првичните информации, тој се обидел да си нанесе повреди на рацете.
Италијанските медиуми наведуваат дека мажот се упатил кон гробот на својот син, кој пред неколку години загинал во сообраќајна несреќа.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите поврзани со случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












