• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Транспортот во Скопје ќе се реши само со комбинација на „Градски воз“, набавка на еко автобуси и проектот БРТ, смета Николоски

12/11/2025
A A
Николоски: Нова авиолинија Скопје – Келн, Визер започна со продажба на билети

Јавниот транспорт во Скопје ќе се реши единствено ако се комбинираат проектите за „Градски воз“, набавка на нови еколошки автобуси и проектот за БРТ, смета вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

„За да го решиме транспортот треба да се направат трите работи паралелно. Едно е возобновувањето на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси за што веќе работиме. Второто е решавање на приградските населби со центарот, а тоа е градски воз и третото е решавање на урбаниот дел со поекономичен тарнспорт кој јас фигуративно го нарекував трамвај за да им е сликовите на граѓаните, а тоа е трамвај без шини. И трите работи мора да ги споиме и да има синергија меѓу нив. Било која од трите да функционира сама ќе го имаме ова што сега го имаме“, истакна Николоски во гостувањето на „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во однос на проектот „Градски воз“ тој потенцираше дека истиот веќе се реализира со засилена динамика на првата линија од Зелениково преку Драчево до Нова железничка станица.

„Проектот е голем, презначаен за Скопје кој ќе остави длабока трага за да биде манипулиран за изборната кампања и затоа промоцијата беше после изборите. Три линии имаме, ние почнавме да ја работиме првата линија која оди од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица, таа е 25 км. Втората која ќе почнеме да ја работиме напролет оди од Миладиновце, Илинден, Маџари и Нова железничка и третата од Нова железничка, Скопје Север, Ѓорче Петров и завршува во Волково односно во Радуша. И тоа е во принцип инфраструктура која Скопје ја има и која што децении наназад е запуштена и не користена. Пример, дрвените прагови коишто ги менуваме во моментов кај Драчево се поставени помеѓу 1963 и 1969 година. Над 60 години воопшто ништо не се работело таму“, рече вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека ќе се направи бајпас околу Скопје, а со тоа дизел локомотиви и возови нема да влегуваат во градот за да се влијае врз заштитата на воздухот. Исто така, најави и дека ќе се набавуваат и нови возови, а набавката се планира да започне на две години пред да се заврши брзата пруга.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Следна вест
МВР апелира за фер и спортско навивање, а било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров

Најнови вести

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.