• Импресум
Sunday, June 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

УГОСТИТЕЛИТЕ МУ ПИШАА НА ЗАЕВ Јосифовски прв ќе го затвори ресторанот

11/08/2021
Време за читање: 1 минути
A A
УГОСТИТЕЛИТЕ МУ ПИШАА НА ЗАЕВ Јосифовски прв ќе го затвори ресторанот

Независната угостителска комора (НУК) бара од Владата веднаш да ја укине одлуката со која се забранува посета и влез на невакцинирани лица во угостителските објекти.

Според НУК, одлуката е неприменлива и не може да биде испочитувана без да се нарушат повеќе човекови права и да се прекршат неколку закони, посебно Законот за заштита на лични податоци.

Целта на Барањето, како што наведува Комората, е да се спречи деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости и да се овозможи сите угостителски објекти да бидат достапни еднакво за сите граѓани.

„Донесената мерка е неприменлива и неспроведлива од страна на угостителите без соодветна законска регулатива и продолжени и пренесени овластувања кои во моментов ги нема. Ниту т.н. нови редари, ниту кој било инспектор, ниту угостителите и вработените во угостителските објекти имаат законска можност, овластување и право да вршат проверка на лицата за нивната состојба на вакцинација со приложување потврда за извршена имунизација“, соопшти НУК.

Во Барањето адресирано лично до премиерот Зоран Заев, НУК наведува дека медицинската состојба на граѓанинот и гостинот е сензитивна информација и согласно Законот за заштита на лични податоци со исклучок на службено лице и/или овластено лице – лекар, никој друг нема право да врши проверка или прибирање на оваа информација, ниту да врши селекција, односно дозвола за влез во јавен објект на граѓаните по основ на оваа состојба.

„Во моментов сѐ уште согласно постојната важечка законска регулатива вакцинацијата е изборно право на секој граѓанин и не е задолжителна и како таква не смее да биде услов за нормално движење, работење и слобода на уживање на човековите права ниту услов за влегување во јавен објект и користењето на услугите на јавниот објект како што се угостителските објекти. Со оваа одлука неприфатливо е угостителските објекти да се ставаат во улога на експериментален филтер за да се провери дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира на вакцинирани и невакцинирани. Поради сето ова, бараме и очекуваме од Вас, веднаш да се укине одлуката со која забранувате посета и влез на невакцинирани во угостителските објекти“, посочува во писмото до Заев претседателот на Комората, Здравко Јосифовски.

Ако Владата не ја укине одлуката, Јосифовски вели дека ќе биде првиот сопственик што ќе го затвори угостителскиот објект.

„Угостителите досега ги почитувале и спроведувале сите реални и неопходни препораки и протоколи за работа на угостителските објекти без разлика дали тие кореспондирале со тековните состојби, но оваа одлука не може да биде испочитувана и спроведена без да се нарушат повеќе човекови права и да се прекршат повеќе закони, посебно Законот за заштита на личните податоци“, потенцира Јосифовски.

На 97-та седница Владата донесе одлука со која од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите
Вести

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Протест во Нови Сад
Вести

Протест во Нови Сад

21/06/2026
Голманско шоу во Канзас: Еквадор не успеа да го скрши отпорот на Курасао
Вести

Голманско шоу во Канзас: Еквадор не успеа да го скрши отпорот на Курасао

21/06/2026
Најтопло во Гевгелија и Дојран, најстудено во Лазарополе
Вести

Денеска започнува летото и најдолгиот ден во годината

21/06/2026
Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика
Вести

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
Следна вест
Oд грло и од срце ечи „Бисер балкански“ во соблекувалната на младите ракометарки по освоениот шампионат

Oд грло и од срце ечи „Бисер балкански“ во соблекувалната на младите ракометарки по освоениот шампионат

Најнови вести

САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Протест во Нови Сад

Протест во Нови Сад

21/06/2026
Голманско шоу во Канзас: Еквадор не успеа да го скрши отпорот на Курасао

Голманско шоу во Канзас: Еквадор не успеа да го скрши отпорот на Курасао

21/06/2026
Најтопло во Гевгелија и Дојран, најстудено во Лазарополе

Денеска започнува летото и најдолгиот ден во годината

21/06/2026
Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.