• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Унгарија од утре го презема претседавањето со ЕУ под мотото „Да ја направиме Европа повторно голема“

30/06/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Унгарија од утре го презема претседавањето со ЕУ под мотото „Да ја направиме Европа повторно голема“

Унапредување на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, зајакнување на заедничката одбрана и подобрување на европската конкурентност, се трите врвни приоритети на претседавањето на Унгарија со Европската Унија во следните шест месеци. Тоа официјално стартува утре и мотото е „Да ја направиме Европа повторно голема“.

Како што информира постојаниот претставник на Унгарија при ЕУ, Балинт Одор на прес-конференција во Брисел на која ја презентираше унгарската програма за претседавањето со блокот, Будимпешта има седум приоритети.

Покрај проширувањето, одбраната и конкурентноста, меѓу приоритетите на унгарското претседателство ќе бидат и зајакнување на сигурноста на надворешните граници на ЕУ, спроведување на кохезивните политики, поддршка на земјоделството и решавање на демографските проблеми на блокот.

Покрај ова, како што јави МИА од Брисел, Будимпешта ќе се посвети и на напредок во укинувањето на шенгенските копнени гранични контроли за Бугарија и Романија, на борбата против антисемитизмот, на промоција на дискусии на теми поврзани со високото образование, како и на заштита на европското културно наследство.

– Европа се соочува со вонредна ситуација, проблеми како што се војната во соседството или миграцијата. Ова претседателство ќе биде како никое друго досега. Ќе бидеме чесни посредници и ќе се обидеме искрено да соработуваме со земјите членки и со институциите на ЕУ, изјави Одор.

Тој посочи и дека во однос на проширувањето на ЕУ, „погледот на Унгарија“ ќе биде насочен кон Западниот Балкан, наместо кон Украина како што беше за време на претходните две претседателства.

– Кога станува збор за Западниот Балкан, би сакале да видиме што поголем напредок. Наша цел е да отвориме и затвориме што повеќе преговарачки кластери. Мораме да го забрзаме овој процес, рече Одор.

Унгарскиот амбасадор најави и дека Унгарија планира да организира самит во регионот меѓу претставници на ЕУ и на шесте земји од Западниот Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Сите земји, освен Косово, имаат статус на кандидати за членство и официјално ги започнаа пристапните преговори. Косово засега е само апликант за прием во Блокот.

Но, освен делумно на Црна Гора, преговарачките процеси на Северна Македонија, Албанија и Србија со ЕУ се во застој, од различни причини, додека Босна и Херцеговина се уште е во очекување да биде закажана првата Меѓувладина конференција на која би била усвоена Преговарачката рамка и патоказите со што би бил означен официјален почеток на преговорите.

Будимпешта планира да иницира и размена на мислења за националните енергетски и климатски планови на земјите членки на ЕУ и за енергетската политика Унијата, како и дебати за регулативата за правата на патниците во воздушниот сообраќај и за усогласување општ пристап за директивата за комбиниран транспорт. Унгарското претседателство, исто така, ќе се посвети и на усвојување на регулативи за емисиите на стакленички гасови во транспортот и за Европската агенција за поморска безбедност, како и на директиви за возачки дозволи, за капацитетите на железницата и за хармонизирани речни услуги.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Следна вест
Претседателски избори во СДСМ: Исклучување на над 10.000 регистрирани членови – нашиот тим утре ќе поднесе приговори врз основа на овие критични прашања и повратни информации добиени од набљудувачите ширум земјата, вели Деспотовски

Најнови вести

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.