• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Веганите издејствувале забрана на натпревар во печење свинско во Србија

25/07/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Веганите издејствувале забрана на натпревар во печење свинско во Србија

Натпреварот во печење прасе – „Сепра фест“ што требаше да се одржи во Аранѓеловац, Србија, како што тврдат организаторите, е откажан по поттик од српската „Веге-заедница“.

„Сепра фест“ опфаќа натпревар на пријавени екипи во печење свинско, со шатори и музичка програма сред областа Шумадија. Но, ден пред одржувањето на манифестацијата организаторите биле посетени од инспекторатот и изречена е забрана за одржување. Организаторот на фестивалот, Владимир Николиќ вели дека целта била да се соберат луѓе, семејства, пријатели и сѐ тоа да се прослави со музика.

– За 25 дена се пријавија над 150 тимови – околу 2.000 учесници. Настанот беше уредно пријавен во полиција. На крајот се случи нешто што никој не го очекуваше… Сè беше подготвено и уредно, со изјава дека ниту една свиња не може да влезе на настанот без потврда дека месото е исправно. Секоја свиња што е донесена му припаѓа на тимот. Дека инспекторот поднел барање оти фестивалот мора да се спречи, дознавме во 20 часот ден претходно, рече Николиќ.

Додека траеше промоцијата на фестивалот, тамошните вегани побараа од претседателот на Општина Аранѓеловац да престане да поддржува ваков настан. Сепак, Јелена Дисиќ, претставничка на „Веге-заедницата“ ги демантираше наводите дека побарале забрана за настанот.

– Не баравме забрана. Но, не се согласувам дека тие се грижат за традицијата. Можеше сè да мине без колење. Нашето здружение има за цел да спречи насилство врз животните и да ја информира јавната администрација, изјави таа.

Од здружението на веганите изразија став дека убивањето невини животни со песна и забава „ја поттикнува и негува суровоста кон слабите“, со изговор за традицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје
Вести

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната
Вести

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето
Вести

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
Следна вест
И пратеникот Ибрахим од владеачкото мнозинство е против уставните измени: Предлогот за измена и дополнување на Уставот е НЕУСТАВНО

И пратеникот Ибрахим од владеачкото мнозинство е против уставните измени: Предлогот за измена и дополнување на Уставот е НЕУСТАВНО

Најнови вести

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.