• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ВИДЕО| Бајден е сигурен дека Путин решил да ја нападне Украина

19/02/2022
A A
ВИДЕО| Бајден е сигурен дека Путин решил да ја нападне Украина

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот по локално време изјави дека е „сигурен“ во тоа дека рускиот претседател Владимир Путин „одлучил“ да ја нападне Украина, но додавајќи дека „сѐ уште не е доцна“ за дипломатијата.

„Сугурен сум дека решил. Имаме причина така да мислиме“, изјави Бајден одговарајќи на новинарски прашања во Белата куќа.

„Сѐ додека инвазијата не се случи, дипломатијата е можна“, додаде Бајден истакнувајќи дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четврток во Европа треба да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Бајден притоа јавно се запраша дали на украинскиот претседател Владимир Зеленски „му е најпаметно“ во овој момент да патува на меѓународната безбедносна конференција во Минхен, оценувајќи дека тој самиот треба да ја донесе одлуката за тоа.

„Во барањето дипломатско решение тоа можеби не е, тоа можеби е најпаметното, но одуката е негова“, рече Бајден без да одговори прецизно на прашањето дали Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција која завршува во недела.

Стравувањата од воен судир во Украина и од наводната можна руска инвазија врз соседната земја ексалираа драматично во петокот попладнето и ноќта поради меѓусебните гранатирања меѓу силите под контрола на Киев и проруските милиции во источната област Донбас, и откако во Донецк и Луганск известија за експлозии кои ги припишуваат на наводни украински диверзии и почетокот на евакуација на цивилите од регионот во соседната руска Ростовска област.

„Сето тоа одговара на веќе видената руска стратегија за создавање изговори за напад врз Украина“, рекол Бајден во својот говор од Белата куќа во синоќешниот виртуелен состанок со европските и сојузниците во НАТО, соопштија од Вашингтон.

Додека тензиите на теренот растат, Русија во петокот извести за ново повлекување на нејзините единици од вежбовните активности во близина на границата со Украина.

Но противниците се упорни во настојувањата дека тоа не е вистина, а за Москва тоа е сигнал дека Западот и Киев подготвуваат офанзива против самопрогласените републики и бараат изговор за трупањето нови единици на НАТО на границите на Русија.

„Тоа не се случило“, тврдеше украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников обраќајќи им се на пратениците.

Во истиот манир и американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека напротив, руската војска наводно испраќала засилувања и оти се подготивува за интервенција „приближувајќи се до границата, разместувајќи ги силите и зголемувајќи ги своите логистички капацитети“.

Русија негира какви и да се планови за инвазија врз Украина, и од Западот бара гаранции за својата безбедност, во прв ред повлекување на странските сили на НАТО од земјите членки во источна Европа и на руските граници, што Вашингтон и Брисел решително го отфрлаат, како и барањето за запирање на проширувањто на Алијансата со земји од непосредното соседство на Русија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген
Вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка
Спорт

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп
Вести

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот
Вести

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија
Вести

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
Следна вест
Колку пати неделно треба да водите љубов за подобро здравје?

ВИСТИНСКА ЉУБОВ – Со каков маж вреди да се помине животот?

Најнови вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.