Општина Општина Бутел започна со поставување систем за видеонадзор на јавните површини на својата територија.
Од општината информираат дека оваа мерка се воведува поради зачестеното оштетување на детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови во изминатиот период.
Оттаму посочуваат дека локалната самоуправа досега повеќепати ги санирала штетите и ги обновувала јавните површини, но уништувањето на урбаната опрема и понатаму продолжува.
Според надлежните, поставувањето на видеонадзор треба да придонесе за намалување на девијантните појави и за поголема заштита на јавниот имот. Снимките, како што нагласуваат, ќе се користат исклучиво по налог на надлежните институции и во согласност со законските прописи.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски упати апел до граѓаните за совесно користење на урбаната опрема и заштита на општинскиот имот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












