• Импресум
Friday, May 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 46 милиони евра за 4 години за инфраструктурни проекти во Битола

14/11/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 46 милиони евра за 4 години за инфраструктурни проекти во Битола

Денеска како дел од теренската активност „Важно е! Од тебе зависат промените“ сме во Битола заедно со потпретседателот Николоски, градоначалникот Коњановски, пратеничките во парламентот Лозановска и Ангелевска, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Пеце. Тука сме во Битола заедно со битолчани, луѓето од администрацијата на Битола, со советниците, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сакаме да поразговараме за она што е важно за битолчани, а кое што понатаму би било дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори кои ќе се случат за неколку месеци од денес. Имајте предвид дека односот на владата на ДУИ и СДСМ кон општините каде што имаме градоначалник од редовите ВМРО-ДПМНЕ би рекол е се само не е државнички, намерно се опструираат проекти, не се инвестира, се одземаат ингеренции како што е и последниот случај со општина Битола во делот на образованието. И замислете каква дрскост одземени се ингеренции во делот на образованието во рок од 1 година.

Лошата вест за владата на ДУИ и СДСМ е што за неколку месеци ќе има влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за жал нема да бидат тие таму каде што наметнуваат вакво насилничко однесување и одземаат ингеренции во рок од една година. Правдата ќе биде задоволена.

И затоа сакаме да поразговараме директно со битолчани, да видиме што е тоа што е важно бидејќи планираме преку проектот децентрализирање на средства од државниот буџет кон општините од прилика 46 милиони евра за Битола, односно од прилика 11,5 милиони евра на годишно ниво. И на тој начин сите оние потреби кои што до сега ги имаме детектирано, но и оние кои што дополнително денеска, но и до почетокот на кампањата ќе ги детектираме а се потреба на битолчани да ги реализираме. Сума од 46 милиони евра надвор од буџетот на општина Битола и јавните претпријатија,  се пари кои ќе бидат директно финансирани од централниот буџет и ќе бидат инвестирани.

Денеска се наоѓаме пред влезот на Битола од страната на Прилеп, проект кој е вреден 2,5 милиони евра, или 150 милиони денари, и ако на тоа се додаде експропријацијата  би достигнал вредност од 180 милиони денари.
Ова е проект кој што очекуваме да биде опфатен со реструктуирањето на буџетот на крајот на годината, сега во декември, и преку амандманска интервенција од страна на пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ од овде од Битола да бидат обезбедени тие средства кои што потоа ќе легнат на наменска сметка на Битола, и ќе можеме од пролет да се реализира овој проект, бидејќи проектот е готов, ревидиран и подготвен да се тендерира. Но, доколку тоа не се случи, тогаш ова ќе биде прв проект кој што владата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе го финансира заедно со спортскиот центар вреден околу 10 милиони евра, влезот од страната на Ресен повторно 2,5 милиони евра, нови 10 автобуси за јавното сообраќајно претпријатие на електричен погон, еколошки автобуси, итн.

Многу проекти сега да не откриваме се, би сакале да поразговараме со битолчани за тоа што е важно а тоа што е важно за битолчани, важно е и за ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш сакам да се заблагодарам на можноста денеска да бидам овде во Битола и да направиме увид на тековните проекти кои што во моментот општина Битола ги реализира.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка
Вести

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
Вести

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!
Вести

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино
Вести

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Следна вест
Остана уште СДСМ: И ДУИ сака претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно

Остана уште СДСМ: И ДУИ сака претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно

Најнови вести

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.