• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Владата со предлог: Ненад Савески за нов републички јавен обвинител

10/03/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Владата со предлог: Ненад Савески за нов републички јавен обвинител

Владата го предложи судијата Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Тој беше еден од четворицата кандидати за кои Советот на јавни обвинители во февруари годинава даде позитивно мислење.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција по владината седница изјави дека одлуката Савески да биде предложен за шеф на републичкото јавно обвинителство е донесена по конструктивна дискусија во која биле разгледани сите аспекти на кандидатите – од професионално искуство до личен интегритет.

Таа посочи дека Владата оценила оти Савески е кандидат кој може да придонесе за нов пристап во работата на Јавното обвинителство и за зајакнување на институцијата.

Митева нагласи дека предлогот се темели на стручните оценки и мислењата доставени од Советот на јавни обвинители, како и на анализа на професионалниот интегритет, искуството и резултатите на кандидатот. Според Владата, предложениот кандидат ги исполнува потребните критериуми за функцијата.

Во својата изјава таа истакна дека Владата се водела од принципите на професионалност, интегритет и посветеност на владеењето на правото, додавајќи дека се очекува новиот обвинител да придонесе за зајакнување на институционалниот капацитет, подобрување на професионалните стандарди и зголемување на довербата на јавноста.

Ненад Савески во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција. Тој е магистер по правни науки од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и има положен правосуден испит. Во својата кариера бил и обвинител во Основното јавно обвинителство.

Савески има и повеќе меѓународни ангажмани, меѓу кои како експерт во ОБСЕ во Македонија и учество во проекти на Советот на Европа и УСАИД. Учествувал во работни групи за судски и законски реформи, како и во проекти поврзани со посебни истражни мерки, притвор и кривична постапка.

Покрај судската работа, Савески е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, а има и објавено повеќе научни трудови.

Покрај него, позитивно мислење од Советот на јавни обвинители добија и обвинителките Анита Тополова‑Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ.

Иако формално беше меѓу кандидатите, премиерот Христијан Мицкоски во интервју пред неколку недели изјави дека Ристоска не е во игра за позицијата шеф на републичкото обвинителство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.