Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со сончеви периоди во текот на денот.
Во крајните западни и источни делови од земјата ќе има услови за повремен локален дожд, додека на повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, кој наместа ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 3 до 13 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 13 и 23 степени Целзиусови.
Во Скопје времето исто така ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во одредени делови од котлината повремено и засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура во главниот град ќе изнесува околу 7 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.
Според прогнозите, променливото облачно време ќе продолжи и во наредните денови, а во вторник повторно се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












