• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Запрено наддавањето за Златната топка на Марадона

06/06/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Запрено наддавањето за Златната топка на Марадона

Наддавањето за украдената Златна топка, која во 1986 година ја освои легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, е запрено со одлука на Апелациониот суд во Версај.

Судот на тој начин ја прифати жалбата на двете ќерки на Марадона, кои тврдат дека Златната топка е сопственост на семејството на починатиот фудбалер и дека не може да се продава на аукција.

Марадона почина во 2020 година, а неговите наследници тврдат дека дотичната Златна топка е украдена и тврдат дека сегашниот сопственик нема право да ја продаде. Нивниот адвокат рече дека ќе побараат одземање на трофејот и дека ќе поднесат пријава за кражба.

Околу тој трофеј кружеа разни шпекулации. Се зборуваше дека Марадона го изгубил на покер или дека го продал за да ги исплати долговите произлезени од бурниот живот. Исто така, се пишуваше дека Марадона го чувал во банка во Неапол, која ја ограбиле локални криминалци во текот на 1989 година, додека тој уште играше за Наполи. Наследниците на Марадона веруваат дека трофејот е украден од банката.

Наградата на Марадона исчезна пред повторно да се појави меѓу неколкуте трофеи во аукциската соба. Неодамна трофејот беше доверен на аукциската куќа Aguttes, која спроведе истрага за неговото потекло и успеа да го потврди како автентичниот трофеј на Марадона за Златната топка од германскиот производител на спортска опрема „Adidas“.

Ова е првата Златна топка што е понудена на аукција и, иако нејзината вредност сѐ уште не е потврдена, аукциската куќа очекува таа да достигне милиони кога во четвртокот на 6-ти јуни требаше да се наддава за неа.

Марадона, кој почина во 2020 година, ја освои наградата откако ја предводеше Аргентина до победа на Светското првенство во Мексико, постигнувајќи пет гола на финалниот турнир кога беше капитен на селекцијата на својата земја и играше секоја минута од турнирот.

Марадона ја доби Златната топка како најдобар играч на Светското првенство во Мексико во 1986 година. Речиси сите негови натпревари на тој шампионат беа легендарни, особено мечот против Англија каде што постигна еден гол со, како што рече самиот по сите контоверзии и дебати, „Божјата рака“, а вториот откако во слалом започнат од својата половина на игралишетот ја нанижа комплетната англиска одбрана заедно со голманот. Т

Тоа беше четвртфинална победа против Англија со 2:1. По натпреварот против Англија, Марадона постигна два гола во полуфиналето против Белгија, а Аргентина на крајот победи со 3:2 против Западна Германија.

Дресот кој го носеше тој ден, заедно со топката со кој се играше тој натпревар, веќе се продадени на аукција. Дресот на наддавање на 4-ти мај 2022 година беше продаден за 8,93 милиони долари, што претставува нов рекорд некогаш платен за парче спортски сувенир. Топката од истиот натправар, пак, на аукција на 16-ти ноември 2022 година постигна цена 2,3 милиони долари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство
Вести

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен
Вести

Вардар двапати се враќаше, но Рига замина со победа од Скопје

22/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Безбедноста и борбата против местење натпревари во фокусот на ФФМ
Вести

Безбедноста и борбата против местење натпревари во фокусот на ФФМ

21/07/2026
Следна вест
Мицкоски за Договорот од Преспа: За мене, мојата татковина ќе остане Македонија

Мицкоски за Договорот од Преспа: За мене, мојата татковина ќе остане Македонија

Најнови вести

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.