• Импресум
Friday, May 29, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ЗНМ: Партиските тензии кон новинарите се непотребни, Ковачевски да не бара вина кај новинарите

20/02/2024
A A
ЗНМ: Партиските тензии кон новинарите се непотребни, Ковачевски да не бара вина кај новинарите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради изјавите на Димитар Ковачевски, кои создаваат непотребни тензии кон новинарите, особено во предизборен период. Негативниот и агресивен политички говор кон новинарите ги зголемува ризиците од напади кон новинари, а воедно и го нарушува правото на граѓаните да бидат правилно информирани.

Од ЗНМ појаснуваат дека на партиската трибина одржана на 19ти февруари „Ковачевски се служеше со непристоен говор кон новинари, притоа ставајќи ги сите медиумски професионалци во ист кош, и меѓу другото кажа: `Е тоа ви е кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. И после ќе се освестат, и касно е… И кај ќе трчаат? Во СДСМ. Зошто? За да им ја врати демократијата. А тие самите се продале`.

Партиските лидери мора да знаат дека вакви изјави можат да се толкуваат како влијание и политички притисок врз медиумската слобода и уредувачката независност во предизборен период. Повторно укажуваме дека доколку политичарите имаат дилеми или несогласувања со начинот на известување на конкретни медиуми или пак новинари, наместо да споделуваат лични непримерни квалификации на партиски собири или јавно, можат да поднесат претставка до медиумските саморегулаторни тела и тоа до: Советот на честа при ЗНМ како и до Советот за етика во медиумите на Македонија и на тој начин тие да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди“ велат од Здружението.

ЗНМ апелира до сите политички субјекти да ја почитуваат улогата на новинарите но и на смиреност, дијалог и почитување на медиумската слобода и професионалноста, кои се клучни за демократското општество и фер избори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените
Вести

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Второто полувреме кобно за Македонија против Данска
Вести

Столе Димитриевски: Влегувам во најдобрите денови од кариерата

29/05/2026
Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители
Вести

Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители

29/05/2026
Годинашната средна оценка на матура 3,25
Вести

Почнува полагањето на државната матура, стручната и уметничката матура

29/05/2026
Денеска сончево, со натпросечни температури
Вести

Температури до 31 степен: Стабилно време пред нова промена

29/05/2026
Следна вест
Фондот одби да го покрие лекувањето на Леонид Индов во Австрија

Фондот одби да го покрие лекувањето на Леонид Индов во Австрија

Најнови вести

Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Второто полувреме кобно за Македонија против Данска

Столе Димитриевски: Влегувам во најдобрите денови од кариерата

29/05/2026
Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители

Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители

29/05/2026
Годинашната средна оценка на матура 3,25

Почнува полагањето на државната матура, стручната и уметничката матура

29/05/2026
Денеска сончево, со натпросечни температури

Температури до 31 степен: Стабилно време пред нова промена

29/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.