• Импресум
Saturday, March 14, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зошто денешниот ден се смета за најдепресивниот во годината?

17/01/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Зошто денешниот ден се смета за најдепресивниот во годината?

ТРЕТИОТ понеделник во јануари (оваа година 17 јануари) со години се нарекува најдепресивен ден во годината.

Теоријата за „Blue Monday“ беше воспоставена во 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предаваше во вечерното училиште на образовниот центар на Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу кои временските услови, долгови, времето што поминало од Божиќ и мотивацијата.

 

 

Но, „Blue Monday“ е во основа идеја на маркетинг компанија која сакаше да ја зголеми продажбата на летните аранжмани. Арнал еднаш призна дека едноставно избрал датум кога од него било побарано да го пресмета најдепресивниот ден во годината.

„Прво ме замолија да смислам ден кој мислам дека е најдобар за резервација на летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите да резервирам одмор, сеќавајќи се на она што ми го кажаа илјадници луѓе за време на работа или работилници, овие фактори сугерираа дека третиот понеделник во јануари бил особено депресивен“, објасни тој.

Терминот набрзо стана глобално популарен – до тој степен што некои психолози предупредуваат на неговото лошо влијание врз луѓето кои навистина се борат со депресија. Иако на почетокот изгледа комплицирано и сериозно, формулата на Арнал за „Blue Monday“ нема научна основа. Поблискиот поглед на формулата [W + (Dd)] xTQ / MxNA покажува дека вклучените променливи се субјективни и очигледно ненаучни, пишува CNN.

W, на пример, означува време. D е долгот, а d е месечната плата, додека T е времето од Божиќ, а Q е времето кога сте се откажале од новогодишната одлука.

Ниту еден вклучен фактор не може да се мери или спореди со истите единици. Формулата не може да биде соодветно проценета или потврдена. На пример, не постои начин да се измери просечниот број на денови откако луѓето се откажале од својата новогодишна одлука. И времето во јануари варира помеѓу државите и континентите.

„Не знаев дека формулата ќе ја добие популарноста што ја има“, изјави Арнал за CNN. Тој исто така тврди дека водел кампања против сопствената идеја за „Blue Monday“. Кампањата беше наречена „Stop Blue Monday“. Но, се покажа дека тоа е и маркетиншки трик – овој пат има за цел да го поттикне зимскиот туризам на Канарските острови.

„Воопшто не жалам“, заклучил Арнал, кој смета дека терминот „потикнал разговор за психологијата во медиумите“. Сепак, професијата не се согласува со него. „Тоа не е вистинскиот начин да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје“, вели д-р Андонис Кусулис за CNN.

„Со кажувањето дека еден ден е најдепресивниот ден во годината, без никакви докази, ние банализираме колку сериозна може да биде депресијата. Менталното здравје е најголемиот здравствен предизвик на нашата генерација. Банализирањето е целосно неприфатливо“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски, Митревски и Бендевска кандидати за потпретседатели на Собранието
Вести

Една година од трагедијата: Лекари од 37 земји на конференција за пожарот во Кочани

12/03/2026
Конфликтот на Блискиот Исток ги потресе енергетските пазари, ИЕА интервенира со резерви
Вести

Конфликтот на Блискиот Исток ги потресе енергетските пазари, ИЕА интервенира со резерви

11/03/2026
Коњановски: Заедно со граѓаните креираме проекти што го менуваат секојдневието
Вести

Коњановски: Битола се сеќава на своите 3.300 сограѓани Евреи

10/03/2026
Една чаша сок од портокал – корист или ризик?
Вести

Една чаша сок од портокал – корист или ризик?

09/03/2026
Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати
Вести

Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната, предлага Филипче

09/03/2026
Умерена фреквенција на возила на патиштата
Вести

Умерен сообраќај на патиштата, без подолги задржувања на граничните премини

09/03/2026
Следна вест
Застрашувачки снимки од Тонга – ерупцијата на подводниот вулкан

Застрашувачки снимки од Тонга – ерупцијата на подводниот вулкан

Најнови вести

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено

Жичницата на Водно времено стопирана, ЈСП најавува повторно пуштање наскоро

12/03/2026
Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

12/03/2026
Ужасна вест: Прегазено 4-годишно дете

Автомобил удрил во 4-годишник во Скопје, детето со тешки повреди

12/03/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Малолетник пријавил напад во Скопје – едниот напаѓач пукал со оружје

12/03/2026
Мајсторoт Лазаров има нешто да им каже на ракометарите, но и другите спортисти во Македонија

Македонија без Митревски против Австрија

12/03/2026
Син убил татко- Трагедија во Драчево

Трагедија во Скопје: Тело на 50-годишна жена извлечено од Вардар

12/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.