• Импресум
Monday, June 15, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Анџелина Џоли во улогата на Марија Калас носи винтиџ крзно и кожена облека

16/10/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Анџелина Џоли во улогата на Марија Калас носи винтиџ крзно и кожена облека

Анџелина Џоли ја игра познатата сопранистка Марија Калас во новиот филм на чилеанскиот режисер Пабло Лараин, а дел од костимите што ќе ги носи во филмот се базирани на гардеробата и костимите што ги носила грчката оперска дива.

Продуцентите на филмот одбија да користат ново крзно за време на снимањето, па облеката што Џоли ќе ја носи се базира на оригиналните костими што ги носи Калас во оперите, како и на нејзината гардероба. Станува збор за винтиџ облека од крзно и кожа од архивската колекција на костимографот Масимо Кантини Парини, пишува шпанскиот дневен весник El Pais.

Првите фотографии од снимањето беа објавени пред неколку дена. Како што објаснуваат од продукцијата, одлуката да не се користи или да се набави нова облека од крзно и кожа е донесена по консултации со различни организации за заштита на животните, вклучително и PETA.

Режисерот е познат по успешното трансформирање на Натали Портман во Жаклин Кенеди и Кристен Стјуарт во принцезата Дијана во неговите претходни филмови.

Во официјалниот опис се наведува дека филмот „ќе го истражува животот на легендарната, иконична и контроверзна пејачка, која често се нарекува вистинска дива“.

Базиран на вистински настани, „Марија“ раскажува бурна, убава и трагична приказна за животот на една од најголемите оперски пејачки во светот, кој се одвива во Париз во седумдесеттите. Филмот ќе се снима осум седмици на локации во Париз, Грција, Будимпешта и Милано.

Сценариото, кое беше завршено пред штрајкот на Здружението на писатели во Холивуд, го напиша Стивен Најт, соработник на филмот „Спенсер“.

Покрај Џоли, во актерската екипа се и Пјерфранческо Фавино (Адаџо), Алба Рорвахер (Ла Химера), Халук Билгинер (Зимски сон), Коди Смит-Мекфи (Моќта на кучето) и Валерија Голино (Портрет на дама во пламен) .

„Многу сум возбудена што ќе ја започнам продукцијата на ‘Марија’ и се надевам дека филмот ќе го донесе извонредниот живот и дело на Марија Калас на публиката ширум светот, благодарение на прекрасното сценарио на Стивен Најт, работата на целиот филм и актерската екипа, а особено брилијантната работа и извонредната подготовка на главната актерка Анџелина Џоли како грчко-американската оперска легенда Марија Калас“, рече Лараин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум
Вести

„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум

04/06/2026
Дурмиши: Ненадејното зголемување на минималната плата може да ги погоди малите фирми
Вести

Цените се стабилни, порастот кај основните производи е само 0,43%, кажа министерот Дурмиши

02/06/2026
Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?
Вести

Зошто е важно да имате мал ритуал по завршувањето на работата?

30/05/2026
Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите
Вести

Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите

28/05/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и други големи телекомуникациски оператори, корисниците пријавуваат проблеми

28/05/2026
Следна вест
Како е да живееш со 200 денари на ден, а да не знаеш дека си „умерено“ богат!?

Како е да живееш со 200 денари на ден, а да не знаеш дека си „умерено“ богат!?

Најнови вести

Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“

Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“

15/06/2026
Град Скопје стартуваше со реконструкција на една од најфреквентните сообраќајници

Град Скопје стартуваше со реконструкција на една од најфреквентните сообраќајници

15/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст

Последен ден од првиот уписен рок за идните средношколци

15/06/2026
ДДВ на горивата падна на 10% – спас од ценовниот шок

Украина и Молдавија почнаа преговори со ЕУ, Мицкоски ја критикуваше поранешната власт

15/06/2026
Софија реагира по инцидентот во Скопје: Нападот не е изолиран случај

Софија реагира по инцидентот во Скопје: Нападот не е изолиран случај

15/06/2026
Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.