• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Во Македонија има стотици тони скриено злато: Доколку немате детектор еве како да го пронајдете

24/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Кратовец олеснет за 11.000 евра: Му кажале дека имаат сателитски снимки на кои се гледа дека во неговиот двор има злато

Научници откриле дека некои видови дрвја можат да послужат како показатели за местата каде има големи наоѓалишта на злато.

Според студијата објавена во списанието „Nature Communications“, откритието треба да го олесни пронаоѓањето на подземни наоѓалишта на непристапни места.

Д-р Мел Линтерн, геохемичар од австралиската асоцијација за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (ЦСИРО), вели дека неговиот тим открил дека некои дрвја, како еукалиптус кој пушта корени на длабочина од околу 40 метри, пренесува златни честички од почвата до лисјата.

Лесно достапните локации во Австралија и низ целиот свет веќе се пронајдени во голема мерка, вели Линтерн, па затоа е неопходно да се бараат нови извори што е тешко да се најдат. А, според него ги има многу, посебно по Европа и на Балканскиот полуостров.

„Се обидуваме да откриеме повеќе недостапни извори лоцирани под десетици метри седименти и дини од песок. Дрвјата ни нудат нов метод со кој можеме да го сториме тоа “, објасни тој.

Користејќи австралиски синхротрон, огромен уред кој користи Х-зраци за да ги испита материјалите во детали, тимот на Линтер открил траги од злато во лисјата, кората и гранчињата на некои дрвја.

Овие количини се минијатурни. Просечната концентрација на злато во листовите од еукалиптус е само околу 46 делови на милијарда, односно помалку од 0,000005 проценти од тежината на растителното ткиво.

Експертите веруваат дека златото е токсично за дрвјата, па дрвата се обидуваат да го складираат во екстремитети како лисја или во делови каде што нема клетки за да ги намалат штетните биохемиски реакции.

Откритието исто така треба да овозможи да се бараат нови извори на злато што би биле помалку инвазивни за животната средина.

„Овој метод не само што е поевтин, бидејќи потрагата по наслаги е прилично скапа, туку и ја намалува штетата на животната средина затоа што земаме многу мали примероци од дрвја, како и од лисја и гранчиња што испаднале“, вели Линтерн.

Истиот метод може да се примени за пребарување на други метали, како што се железо, бакар и олово во сите делови на светот како и поголема колична на закопано богатство ако е закопано многу длабоко во земјата. Исто така, тој споменува дека и во буката и дабот може да има минијатурни златни честички.

Во Македонија, со години кужат разни приказни за големи количини на закопано злато и разни други вредни предмети. Обично се се сведува на легенди и преданија, а и не може да се знае дали некој навистина нашол богатство? И да го нашол, нема да каже!!!

Па, според дел од приказните, големо богатство злато од Отоманската банка во Битола, кое, според легендите е закопано во близина на Расимбеговиот мост на Црна Река во Мариово. Преданието вели дека при пропаѓањето на Турската империја, Османлиите се обиделе да однесат во Турција околу 1200 килограми злато од Отоманската банка во Битола.

Златото во шипки било скриено околу Расимбеговиот Мост на Црна Река во Мариово, откако пропаднале обидите да се пренесе преку Лерин. На вториот “ксмет”, поворката со наоружан аскер со до заби, тргнала со десетина маски со сандаци со злато по течението на Црна Река кон Цариград. Кај Расимбегов Мост, водачот со пријател првин ги убил маските, а потоа војниците. Бидејќи златото не можеле сами да го носат, го закопале длабоко во мариовската земја.

Друго предание продолжува да кажува дека арамиите направиле карта за местото каде го закопале златото. Едниот ограбувач заминал за Швајцарија, а другиот за Турција со намера да се вратат и тајно и мирно да го земат “пленот”.

Некои спомнуваат дека кај Велес има закопано злато од 220 тони, во делчевско 30 тони.

Комитското злато се бара според преданијата и обично се закопувало во црквите под масата за причестување.

Се копало на разни локалитети низ државата: во Близина на Катланово, во Делчевско, Струмичко, Радовишко, во близина на Црна Река и на многу други места.

И во пештерите низ Македонија се криело богатството, злато, накит. Тие што го криеле богатството ставале отровни или халуциногени печурки околу него, за тој што ќе го пронајде да не преживее. И во Катланово се трагало по закопано злато вредно неколку милиони евра…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму
Вести

Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

24/07/2026
Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите
Вести

Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

24/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Огнената стихија пустоши во Франција: Илјадници жители и туристи ја напуштија областа

24/07/2026
Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор
Вести

Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

24/07/2026
Врне дожд во цела Македонија: На Попова Шапка наврнало 55 литри дожд
Вести

Освежување по топлотниот бран: Пороен дожд и ветер во делови од земјата

24/07/2026
Следна вест
Пензионерите за април, мај и јуни ќе добијат 1.000 денари помош поради светската криза

Следува уште едно зголемување на пензиите за пензионерите

Најнови вести

Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму

24/07/2026
Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

Хаос во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, ескалираа протестите

24/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Огнената стихија пустоши во Франција: Илјадници жители и туристи ја напуштија областа

24/07/2026
Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

Зулфиќар Зејнула пред избор за министер без ресор

24/07/2026
Врне дожд во цела Македонија: На Попова Шапка наврнало 55 литри дожд

Освежување по топлотниот бран: Пороен дожд и ветер во делови од земјата

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.