• Импресум
Tuesday, June 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Тошковски: По 30 години работа во стар објект, пуштена во употреба новата полициска станица во Бутел

14/12/2025
A A
Тошковски: По 30 години работа во стар објект, пуштена во употреба новата полициска станица во Бутел

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, денеска ја посетија Единицата за внатрешни работи Чаир – Полициска станица од општа надлежност Бутел, по повод пуштањето во употреба на новиот објект на оваа организациска единица при СВР Скопје, кој се наоѓа во кругот на Јавната установа „25 Мај“ во Бутел.

На настанот, министерот Тошковски истакна дека со заеднички напори на Владата, Општина Бутел и Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, за релативно краток временски период се обезбедени значително подобри услови за работа на полициските службеници, како и поквалитетни услуги за граѓаните.

„Со минимални финансиски вложувања и со искористување на постојни, но неискористени капацитети, успеавме да решиме повеќе долгогодишни проблеми. Полициските службеници добиваат пристојни и достоинствени услови за работа, а граѓаните на Општина Бутел добиваат нови управни и институционални простории за остварување на своите права“, нагласи министерот.

Тој посочи дека стариот, дотраен и нелегален објект во кој повеќе од три децении функционирала полициската станица ќе биде срушен, а на негово место, согласно проектната документација подготвена од Општина Бутел, ќе биде уреден јавен простор со парк, плоштад и културен дом.

Министерот Тошковски порача дека ваквиот пристап – рационално користење на ресурсите и меѓуинституционална соработка – ќе продолжи и во иднина, со цел подобрување на условите за работа на полицијата и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити
Вести

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева
Вести

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи
Вести

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија
Вести

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен
Вести

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
Следна вест
Коњановски: ПСК „Пелистер“ 90 години симбол на планинарскиот дух и љубовта кон природата

Коњановски: ПСК „Пелистер“ 90 години симбол на планинарскиот дух и љубовта кон природата

Најнови вести

ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.