• Импресум
Sunday, May 31, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија над европскиот просек по број на автобуси

17/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје

Во 2024 година, во земјите на Европската Унија имало вкупно 737.142 автобуси и моторни автобуси, вклучувајќи тролејбуси, минибуси и микробуси, што претставува просек од 1,6 автобуси на 1.000 жители. Северна Македонија со 3.690 автобуси, односно по два автобуси на 1.000 жители, се наоѓа нешто над европскиот просек.

Најголем број автобуси и моторни автобуси на 1.000 жители е забележан во Малта со 4,6, по што следуваат Луксембург со 4,0 и Естонија со 3,7. Најниски стапки се регистрирани во Холандија со 0,5 автобуси на 1.000 жители, Германија со 1,0 и Австрија со 1,2, покажуваат податоците за транспортната опрема објавени од Евростат.

Во регионот, најголем број автобуси на 1.000 жители има Албанија со 3,8, по што следуваат Романија со 3,0 и Бугарија со 2,8. Потоа се Црна Гора со 2,4, Грција со 2,6, Србија со 1,8, Хрватска со 1,5 и Босна и Херцеговина со 1,3 автобуси на 1.000 жители.

Стапката на моторизација на автобуси во ЕУ останала релативно стабилна во последните десет години, додека бројот на патнички автомобили на 1.000 жители значително се зголемил, од 506 во 2014 година на 578 во 2024 година. Северна Македонија со 319 автомобили на 1.000 жители останува под европскиот просек, иако бележи значителен раст во однос на 2014 година, кога имала 180 автомобили на 1.000 жители.

Во 2024 година, во просек 5,1 отсто од возниот парк на автобуси и моторни автобуси во ЕУ бил обновен. Македонија, со 379 нови автобуси во текот на годината, има стапка на обнова од 10,2 проценти, што е значително над европскиот просек.

Стапката на обнова го претставува соодносот на прворегистрирани возила во вкупниот возен парк, без вклучување на половни возила. Највисока стапка на обнова во ЕУ е забележана во Луксембург со 11,6 проценти, потоа во Холандија со 9,6 и во Австрија со 9,5 проценти. Најниски стапки се регистрирани во Бугарија со 0,7 проценти, Полска со 2,4 и Унгарија со 2,5 проценти.

Напорите за подобрување на квалитетот на воздухот, особено во урбаните средини, имаат позитивно влијание врз уделот на автобуси и моторни автобуси со нулта емисија меѓу новорегистрираните возила. На ниво на ЕУ, во 2024 година, уделот на вакви автобуси бил повисок отколку кај патничките автомобили – 17,8 наспроти 13,5 проценти, што изнесува 6.746 новорегистрирани автобуси со нулта емисија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија во 2024 година од вкупно 3.690 автобуси, 3.609 биле со дизел мотори, што претставува 97,8 проценти. Бензинско-гасни автобуси имало 63 или 1,7 проценти, додека само 15 автобуси, односно 0,4 проценти, биле електрични.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Инцидент на Бит Пазар: Физички напад меѓу членови на боречки клубови

31/05/2026
Охрид блесна во Атина, убедлива победа над Олимпијакос
Вести

Ракометна бајка: Охрид ја освои Европа по триумф над Татабања

31/05/2026
Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок
Вести

Жена заврши на клиника по напад од партнер во Скопје

31/05/2026
Двајца пациенти под надзор во Бразил поради сомнеж за ебола
Вести

Двајца пациенти под надзор во Бразил поради сомнеж за ебола

31/05/2026
Македонија верува во изненадување над Италија
Вести

Истанбул подготвен за спектакл: Нема повеќе билети за Македонија – Турција

31/05/2026
Исплата на бонус плата за вработените во МВР за над 150 часа прекувремена работа
Вести

МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота

31/05/2026
Следна вест
Обвиненија за 15 убиства по најсмртоносното пукање во Австралија од 1996

Обвиненија за 15 убиства по најсмртоносното пукање во Австралија од 1996

Најнови вести

Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Инцидент на Бит Пазар: Физички напад меѓу членови на боречки клубови

31/05/2026
Охрид блесна во Атина, убедлива победа над Олимпијакос

Ракометна бајка: Охрид ја освои Европа по триумф над Татабања

31/05/2026
Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок

Жена заврши на клиника по напад од партнер во Скопје

31/05/2026
Двајца пациенти под надзор во Бразил поради сомнеж за ебола

Двајца пациенти под надзор во Бразил поради сомнеж за ебола

31/05/2026
Македонија верува во изненадување над Италија

Истанбул подготвен за спектакл: Нема повеќе билети за Македонија – Турција

31/05/2026
Исплата на бонус плата за вработените во МВР за над 150 часа прекувремена работа

МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота

31/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.