Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ од денеска и официјално има нов клуб. Популарниот Нено за првпат во кариерата ќе настапува во Германија, откако стана дел од редовите на Баерн Минхен.
Трансферот од рускиот Зенит во баварскиот гигант денеска беше официјализиран и потврден од самиот клуб.
„Баерн е голема и многу респектабилна организација, а кога тренерот Светислав Пешиќ ќе ве повика, тоа е голема чест“, изјави Димитријевиќ.
Со овој трансфер, Нено повторно ќе настапува во најквалитетното европско клупско натпреварување, Евролига. Баерн по одиграни 19 натпревари се наоѓа при дното на табелата со само шест победи, а останува да се види дали македонскиот репрезентативец ќе успее да помогне во вториот дел од сезоната и да го однесе тимот до разигрувањето.
Своето деби за Баерн, Димитријевиќ се очекува да го има во среда, кога во Минхен ќе гостува шпанската Басконија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












