Македонската ракометна репрезентација со победа го отвори настапот на Јелоу куп, откако на стартот го совлада Бахреин со 32:28 (15:13). Во натпреварот од второто коло, кој е на програмата денес од 17:45 часот, избраниците на Кирил Лазаров ќе се соочат со Украина.
Македонските ракометари имаа контрола врз резултатот во најголем дел од првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 15:13. Во вториот дел Бахреин накратко го презеде водството со 20:19, но тоа беше единствениот момент кога противникот беше во предност. По тој период, Македонија заигра поцврсто и со серија добри напади стигна до убедливи 29:24, што го реши прашањето на победникот.
Селекторот Лазаров ја искористи средбата за ротација и им даде можност за настап на сите ракометари. Во првиот натпревар од турнирот, домаќинот Швајцарија убедливо ја совлада Украина со 38:27.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












